Македонија
Ки-мун: Прашањето за името има доста сериозни политички импликации
Генералниот секретар на Обединетите нации(ОН) ќе продолжи да чини сè што е во негова можност за хармонично решение на прашањето за името за кое оцени дека има доста сериозни политички импликации.
Генералниот секретар на Обединетите нации(ОН) ќе продолжи да чини сè што е во негова можност за хармонично решение на прашањето за името за кое оцени дека има доста сериозни политички импликации.
Бан Ки-мун ова го соопшти на денешната прес-конференција во Светската организација, посветена на почетокот на 65-тото заседание на Генералното собрание на ОН, јави Гласот на Америка на македонски јазик, пренесува Макфакс.
„Специјалниот претставник Метју Нимиц имаше активна дискусија со засегнатите страни. Знам дека сега се консултира со обете страни за закажување на соодветни средби додека делегациите се во Њујорк на генералното собрание“, рече првиот човек на Светската организација, додавајќи дека целосно ќе ја поддржи неговата активност.
Бан Ки-Мун кажа и дека имал бројни средби со претставници на Грција и Македонија за потребата на прашањето да се пристапи со чувство на флексибилност и заедничко разбирање.
Тој најави дека ќе продолжи во ист стил кога ќе се сретне со лидерите на обете земји. /крај/воа/ва/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од с. Рајчани и се однесени безбедно до нивните родители во Кочани
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во 09.53 часот преку Единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пет малолетни лица и едно возрасно лице дека поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани.
Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, веднаш е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани и со лицето за контакт од Општина Кочани и Градоначалникот на Општина Кочани, за координирање на активностите.
Во 11.50 часот лицата се извлечени со теренско возило на член на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани и истите безбедно се однесени и предадени на нивните родители.
Македонија
Железничкиот сообраќај се одвива непречено и без проблеми
Министерството за транспорт информира дека патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања кои брзо се надминуваат благодарение на интервенците од дежурните екипи од ЈП „Инфраструктура“ на терен.
„Посебен акцент е ставен на интервенции кај критичните точки, обезбедувајќи непречено и безбедно движење на патничките возови.
Товарниот железнички сообраќај се одвива со мали застои, кои главно се предизвикани од заснежени или замрзнати свртници. Јавното претпријатие „Инфраструктура – Железници“ исто така со дежурни екипи континуирано работат на расчистување и одржување на свртниците, овозможувајќи континуитет во сообраќајот.
„Железници на Северна Македонија – Транспорт“ и ЈП „Инфраструктура“ остануваат посветени на обезбедување квалитетна и сигурна услуга за сите корисници“, велат од министерството.
Македонија
ЦУК: Пет малолетни лица и еден возрасен поради обилниот снег се заглавени во село Рајчани
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека шест лица се заглавени кај село Рајчани поради обилниот снег.
„Во 09:53 преку број за итни повици 112 добиена е пријава за 5 малолетни лица и 1 возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани“, велат од ЦУК.
Оттаму додаваат дека е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани, лицето за контакт од општина Кочани, Градоначалникот на Општина Кочани, Доброволна спасителна служба Осогово од Кочани за координирање на активностите.