Контакт

Вести

Асад: Британија и Франција немаат волја да ги поразат терористите во Сирија

Објавено пред

Британските, како и француските воздушни удари проти џихадистичката група Исламска држава во Сирија, се нелегални бидејќи не се преземаат во договор или координација на владата во Дамаск, и ќе претставуваат поддршка за глобалниот тероризам, зашто западните сојузници немаат волја и стратегија како да се поразат терористите, вели сирискиот претседател Башар ал-Асад во интервјуто објавено во неделата за британскиот весник The Sunday Times.

dobivaj vesti na viber

Исмевајќи ја стратегијата на британскиот премиер Дејвид Камерон, сирискиот претседател Башар ал-Асад вели во врска со одлуката Велика Британија да се приклучи на воените удари во Сирија дека „Тоа ќе биде штетно и ќе биде поддршка за тероризмот“. Весникот притоа истакнува дека интервјуто е направено пред британските парламентарци во средата вечерта да го изгласаат предлогот на Камерон и Лондон уште во четвртокот утрото да започне со нападите.

Асад повторува дека Лондон и Париз ги поддржуваат терористите, бидејќи покрај тоа што немаат визија и стратегија учествуваат во коалицијата предводена од САД во којашто се и земјите кои ги спонзорираат терористите, а исто така и дека тие дејствуваат нелегално, без да бидат повикани од Дамаск или со резолуција од Обединетите нации.

„Не можете да ги победите само со воздушни удари. Повторно нема да успеат. Не можете да отсечете дел од ракот. Морате сосема да го отстраните. Вака како што тие ја спроведуваат операцијата, е како да отстрануваат дел од ракот. Со тоа тој само ќе се прошири на целото тело“, порачува Асад.

Одговарајќи на прашањето за ткн наречени „умерени“ опозициски бунтовници коишто го поддржуваат западните земји, Асад вели дека на почетокот од сирискиот конфликт во март 2011 година, не постоеле никакви сили кои биле нарекувани „умерени милитанти“ во оваа арапска земја.

Иронично се осврнува на „70.000 умерени сириски борци“ кои ги спомена британскиот премиер Дејвид Камерон, според кого, западната коалиција би можела да се потпре на нив. „Каде се? Каде се 70.000 ткн умерени за кои зборува? Ги нема 70.000, ги нема ниту 7.000“, вели сирискиот претседател.

Сирискиот претседател, исто така, истакнува и дека откако започнале воздушните напади на коалицијата предводена од САД, пред година и половина, до пред почетокот на руската интервенција (на 30-ти септември), џихадистите ја зголемите територијата која ја контролираат. Асад, напротив, ја пофали руската воздушна интервенција во неговата земја, која ја оценува како легалана, бидејќи Москва се одѕвала на неговиот повик. Запрашан за можна руска копнена интервенција, сирискиот претседател вели дека за таа тема „уште не се расправало“. Но вели дека руската интервенција покажала дека траба да се формира антитерористичка коалиција и како легално да се соработува против глобалниот тероризам.

„Во крајна линија, ние сакаме да се реши ситуацијата во Сирија и да се спречи натамошното крвопролевање. Тоа е нашата мисија. Не станува збор за љубов или омраза,прифаќање или не, таква е реалноста. Доколку навистина се подготвени да ни помогнат во борбата против тероризмот, треба да спречат терористите да доаѓаат во Сирија поддржани од ‘сурогат’ владите во нашиот регион. Доколку се подготвени, ќе им посакаме добредојде. Тоа не е лично прашање“, истакнува Асад на прашањето за можна соработка со западните земји.

Во врска со средбата на опозицијата којашто ја поддржуваат сунитските арапски земји и западот, која се организира во Ријад, Асад вели дека „Саудиска Арабија го поддржува тероризмот директно, јавно и експлицитно“. „Таа средба (на опозицијата) нема да смени ништо, тие како и пред тоа и потоа ќе ги поддржуваат терористите“, смета сирискиот претседател за кого тоа не е репер за кој вреди да се зборува.

На прашањето дали ќе се кандидира за претседател доколку бидат распишани избори во рамките на политичката трансформација во земјата, како што се предвидува во меѓународните мировни преговори, Асад вели дека „доколку биде постигнат договор околу таква постапка, имам право да се кандидирам како и секој други Сириец“, со што го повторува својот став дека за неговата политичка иднина можат да решаваат само Сиријците на избори, отфрлајќи ги настојувањата на Турција и Саудиска Арабија и Западот, неизоставно да си замине од должноста и до политичката сцена./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

Зеленски: Украинскиот Устав не допушта тргување со територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел им упати низа клучни пораки на европските лидери, зборувајќи за трансатлантското единство, мировните...

Македонија3 часа

(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека...

Свет4 часа

Америка ѝ нуди на Украина заштита слична на НАТО, Путин, наводно, се согласил

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави во интервју за „Си-ен-ен“ дека рускиот претседател Владимир Путин за прв пат се согласил да...

Топ4 часа

Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56...

Топ9 часа

Млада жена со перница се обиде да ја убие бабата на сопругот – ужас во Ѓорче

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во...

Свет10 часа

„Ројтерс“ со детали за планот за ставање крај на војната во Украина

Русија би се откажала од помали делови од Украина, а Киев би препуштил поголеми делови од истокот на земјата  –...

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски добил 200 илјади евра од Еразмус+, наместо младите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари од програмата Еразмус+, наменети за образовни проекти за младите, завршувале кај поединци блиски до СДСМ. Во...

Македонија11 часа

Влен: Османи 20 години гради кариера, без проекти за Чаир

Коалицијата „Влен“ го критикуваше Бујар Османи, наведувајќи дека во изминатите 20 години тој градел лична политичка кариера, но не реализирал...

Македонија12 часа

Повеќето пожари изгаснати, под контрола еден – ‘Јасен’ сè уште гори

До 8 часот утринава регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од...

Регион14 часа

Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад. Пред седиштето...

Македонија1 ден

(Вознемирувачко видео) Полицијата на раце носи жена што се обиде да се самоубие скокајќи во Вардар

Денеска (16.08.2025) околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул....

Македонија1 ден

Собранието не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да...

Македонија1 ден

Собранието одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска одлучи по скратена постапка да бидат донесени измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои, меѓудругото, го регуралираат учеството...

Македонија1 ден

Им побарал 10.000 евра за да им среди во постапки во Кривичен и Апелационен суд во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донел Наредба за спроведување истражна постапка против...

Македонија1 ден

Левица: Штрајкот во пералната на Клинички центар е аларм за распад на јавното здравство

Штрајкот на вработените во пералната на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е аларм за целосен распад на јавното здравство, предупредуваат од...

Македонија1 ден

(Видео) Кога во пожар не може пинцгауер, гранка му е мајката: Ангелов со малку шега го покажа херојство на четата на Цветко од Рогачево

Со лопати, стапови, гранки во рацете и светилки на главите седуммина доброволци од Рогачево заедно со екипите на Дирекцијата за...

Македонија2 дена

Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој...

Свет2 дена

Владимир Путин доби писмо од Меланија Трамп за киднапираните деца за време на војната во Украина

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, го покрена прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во...

Свет2 дена

Трамп и Путин се ракуваа, а во Украина се огласија сирени за воздушен напад преку руските беспилотни летала

Во Анкориџ, Алјаска, со надлетувања на борбени авиони, црвен тепих и слоганот „Стремеж за мир“, американскиот претседател Доналд Трамп го...

Свет2 дена

Трамп и Путин не постигнаа договор за прекин на војната во Украина

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, не постигнаа договор за прекин на војната во Украина по...