Свет
Путин: Остро да се спречат сите појави на екстремизам
Претседателот на руската влада Владимир Путин истакнал дека полицијата и правосудните органи мора остро да реагираат на сите појави на екстремизам, без оглед на нивното потекло, пренесуваат руските агенции. Путин рекол и дека „ не треба со иста боја де се обојат ниту луѓето од Кавказ, ниту оние кои се од друга националност“, додавајќи дека „националноста Кавказец и не постои“.Претседателот на руската влада истакнал дека не треба да се оцрнуваат ниту органите за заштита на јавниот ред и мир, вклучувајќи ја и полицијата, и сите треба да разберат дека тие ја извршуваат најважната функција во државата. Претседателот на Русија, Дмитри Медведев на својот интернет блог, оценил дека московската полиција професионално си ја завршила работата спречувајќи ги нередите во Москва. Во главниот град на Русија, Москва, претходните денови беа зголемени мерките за безбедност, поради најави за можно организирање на недозволени собири, откако во саботата 5.500 навивачи и националисти одржаа неодобрен митинг. Собирот беше организиран во знак на протест против убиството на навивачот на „Спартак“ Јегор Свиридов, пет дена предходно во Москва. За убиството е осомничен Аслан Черкесов, по потекло од руската република Кабардино-Балкарија, а протестот на плоштадот Мањеж се претвори во судир на демонстрантите со полицијата. крај/риа/ н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Маж во Тузла ги убил сопругата и двете деца
М.Ч. синоќа во Тузла ги убил сопругата и двете малолетни деца, а потоа си го одзел животот скокајќи од 14 кат од зграда.
Маж се самоуби синоќа околу 21 часот и 15 минути, а денеска полицијата во станот го пронашла телото на неговата 34-годишна сопруга и децата на возраст од две и девет години.
Според неофицијалните информации кои ги објавија сараевските медиуми, мажот работел како медицински техничар во Германија, а во Тузла пристигнал пред неколку дена.
Истражните екипи денеска пронајдоа секира во станот во населбата Ступине во Тузла, со која наводно ги убил сопругата и децата.
Портпаролот на обвинителството во Тузла, Адмир Арнаутовиќ изјави дека ќе бидат издадени наредби за обдукција на телата на загинатите за да се утврдат точните причини за смртта.
Ќе биде издадена наредба за биолошко вештачење, ДНК анализа, како и други истражни дејствија и вештачења, со цел да се утврдат сите околности поврзани со овој настан, вклучително и начинот и начинот на трите убиства“, рече Арнаутовиќ.
Свет
Нови детали за трагедијата во Иран: технички дефект е причина за падот на хеликоптерот, јавуваат иранските медиуми
Причината за падот на хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ебрахим Раиси е технички дефект на леталото, јавува иранската агенција ИРНА.
„Раиси загина во неделата како последица на хеликоптерска несреќа што се случи поради технички дефект на леталото“, се наведува во извештајот на иранската државна новинска агенција.
ИРНА не ја прецизираше природата на дефектот на хеликоптерот, објави ТАСС.
Екипите за пасување со часови ја пребаруваа нерамната површина од густа шума низ дожд и магла пред да го пронајдат местото на несреќата. Немаше преживеани.
Хеликоптерот со претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.
Регион
Вучиќ изрази сочувство за смртта на Раиси
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази сочувство до народот и владата на Иран во врска со смртта на претседателот на таа земја, Ебрахим Раиси.
„Изразувам сочувство до народот и владата на Исламската Република Иран за смртта на претседателот Ебрахим Раиси, искрен и доследен пријател на Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на мрежата Х.
Хеликоптерот со Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан се урна во неделата во северозападниот дел на Иран, во областа Верзеган, а покрај двајцата загинаа уште шест лица.