Македонија
Делегација од АРМ на состанок на НАТО во Брисел
Анализа на состојбите во Косово и Авганистан и учеството во мисиите КФОР и ИСАФ ќе бидат темите на состанокот на началниците на генералштабовите во рамките на партнерскиот
Анализа на состојбите во Косово и Авганистан и учеството во мисиите КФОР и ИСАФ ќе бидат темите на состанокот на началниците на генералштабовите во рамките на партнерскиот Еврокомитет на НАТО.
На состанокот кој во вторник и среда се одржува во Брисел присуствува и делегација од Македонија, предводена од началникот на генералштабот, генерал-потполковник Мирослав Стојановски.
Се очекува на состанокот, преставници на Алијансата да изразат благодарност поради учеството на армиите во операциите на НАТО, како и да се разменат искуствата во делот на обуката и подготовката на единиците за успешно извршување на мисиите./крај/со/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Одговорноста за Даути исто како и за незакажувањето седница на Комисија е кај Гаши
„Иако и беше изгласана недоверба на претседателката на Комисија за социјална политика, Илирие Даути, претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека тоа не е обврска за нејзино разрешување и дека нема правно дејство“, велат од СДСМ.
СДСМ, како што велат, нема да навлегува во фарсата којшто во македонското Собрание ја прават Левица, ЗНАМ И ДПМНЕ.
„Без разлика на скриените мотиви на Левица, ЗНАМ и ДПМНЕ не може интерпелација да нема никаква правна последица. Целата одговорност и околу несвикувањето седница за Законот за бранители и сега по усвоената недоверба за Дауити е кај претседателот на Собранието, Африм Гаши. Сега откако е изгласана интерпелација, односно недоверба, исто така одговорност на претседателот на Собранието е да соопшти што ќе преземе и кои се неговите следни чекори“, посочија од СДСМ.
Македонија
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража и на Плетвар во двата правци
Во 14.50 ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража, додека од 14.50 часот на патен правец Прилеп-Градско, кај Превој „Плетвар“, воведена е забрана за тешки товарни возила во двата правци, соопштија од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево
Македонија
Укината забраната за движење на Плетвар за тешки товарни возила
Во 13.45 часот на патниот правец Прилеп-Градско, на „Плетвар“, укината е забраната за движење на тешки товарни возила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.