Економија
Компаниите треба да инвестираат во вработените

Отпуштањето вработени во време на криза може да биде погрешна одлука за една компанија, бидејќи ќе и донесе профит само на кус рок, а на подолг период може да се одрази негативно.
Ова денеска во Скопје го изјави Тим Ринго, HR директор на IBM, кој одржа предавање на форумот на тема „Моќен развој на компаниите преку развој на вработените“.Ринго, кој важи за еден од најуспешните практичари за човечки ресурси, истакна дека најновите истражувања покажале дека компаниите кои во време на криза се решиле да отпуштат вработени само и наштетиле на профитабилноста на својата компанија.Наместо да отпуштаат вработени, компаниите треба да го изнајдат најдобриот начин за управување со талентите и на тој начин да ги намалат трошоците, препорачува Ринго.Тој посочи дека најмоќните и најпрофитабилните корпорации во светот постојано посветуваат огромно внимание на човечките ресурси, што го утврдиле како основен предуслов за опстанок во денешната динамична бизнис средина.„Да се измери перформансот на еден кадар несомнено е најголем предизвик на менаџерите во 21 век“, изјави Ринго.Тој советува дека на секои 70-80 вработени во една компанија треба да има лице што ќе се грижи за човечките ресурси, а ова не треба да го применуваат само приватните, туку и јавните компании.Домашниот HR консултант, Смиљка Шошкоска вели дека компаниите во Македонија до скоро воопшто не посветувале внимание на развој на човечките ресурси, но тој тренд полека почнува да се менува.Таа изрази жалење што многу македонски компании ја користат кризата за да вршат притисок врз своите вработени, играјќи на картата дека многумина чекаат работа, наместо да вложуваат во нивен развој.„Потребно е многу работа за зголемување на свеста на македонските менаџери дека е потребно многу повеќе да се грижат за своите вработени“, рече Шошковска.Хрватскиот експерт Дијана Клекар, која е директорка во Карловачката пивара изјави дека нејзината компанија во овие кризни години немала потреба да отпушта работници, токму поради правилното раководење со човечките ресурси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.