Контакт

Вести

Бејурт: 30 повредени во текот на протестите поради кризата со сметот

Објавено пред

Ескалира кризата предизвикана со сметот во либанската престолнина Бејрут, во чиј кварт Ријад Солха пред владината палата Сераи вечерта во неделата се собрала околу 10.000 луѓе, откако претходно во текот на судирите меѓу полицијата која употреби водени топови и солзавец и демонстрантите беа повредени најмалку 30 лица.

dobivaj vesti na viber

Ден по судирите во кои беа повредени најмалку 16 лица според податоците на либанскиот Црвен крст, и 35 полицајци, новите судири избувнаа во неделата вечерта во текот на собирот во кој се изразува незадоволство од либанската влада и нејзината неспособност да изнајде излез од кризата со домашниот смет кој со седмици наназад ги затрпува улиците на главниот град Бејрут.

Според Црвениот крст, триесетина демонстранти се ранети и хоспитализирани во судирите кои траат во неделата навечер. Собирот повторно е во организација на граѓанското движење „Смрдите“, коешто во меѓувреме се огради од насилствата и инсистира на мирно изразување на незадоволството.

Судирите ги предизвикале околу 200 млади лица, кои фрлале камења и шишиња со песок врз полицајците. Демонстрантите се обиделе да ги отстранат бодликавите жици зад кои се групираат полицајците. Запален бил еден мотоцикл и полицијата одговорила со водени топови и солзавец. Агенциите јавуваат дека низ улиците на Бејрут одекнуваат истрели.

Како што објасни генералниот секретар на Либанската демократска партија,Валид Баракат, „капката што ја прелеа чашата, која ги изведе луѓето на улиците, е неспособноста на властите да организираат собирање и депонирање на сметот“. При температури повисоки од 40 Целзиусови степени либанската престолнина е на работ на еколошка катастрофа.

Премиерот Таман Салам претходно во неделата повика на мир. „Подготвен сум да ве послушам и да разговара“, порача од прес-конференцијата. Оцени и дека е употребена прекумерна сила во растерувањето на судирот во саботата.

Салам најави дека доколку до 26-ти август не биде решена кризата, повеќе нема да закажува седници на владата. Не ја исклучи можноста и до своја оставка.

Салам призна дека проблемот со собирањето на сметот ја прелеало чашата и предизвикало гнев. „Но проблемот е многу поважен од таа капка. Станува збор за политичкото ѓубре во земјата“, изјави премиерот. Свика итна седница на владата за да се постигне решение на кризата и предупреди на политичките поделби кои ги парализираат институциите.

Премиерот Салам ја формираше коалиционата влада во март 2014 година, добивајќи огромна поддршка од патениците. Тогаш тој во говорот пред парламентот предупреди на „вакуумот во власта во повеќеконфесионалниот Либан“. Таквата ситуација ескалираше со неодамнешниот конфликт меѓу прозападните и просириските министри што ја парализира извршната власт, но досега ниеден од нив не поднесе оставка.

Првпат од завршувањето на либанската граѓанска војна, која траеше од 1975 до 1990 година, Либан веќе подолго од една година е без претседател, додека парламентот е парализиран од поделбите.

Земјата е поделена меѓу коалициите коишто ги предводат моќниот шиитски Хезболах, кој е сојузник на Сирија и на Иран, и онаа што ја води поранешниот сунитски премиер Саад Харири кој ја има поддршката на САД и Саудиска Арабија.

На протестите во Бејрут можат да се слушнат повиците „Народот бара пад на режимот“ што беше мотото на улиците на Каиро и другите престолнини во текот на ткн „Арапска пролет“ во 2011 година кога беа соборени децениските авторитарни челници во регионот на Блискиот исток и во северна Африка, по што во целото подрачје настапи подем на радикалните исламистички движења и појава на екстремните групации како Исламската држава и Џебхат ан-Нусра.

Според челникот на либанската комунистичка партија Калед Хадад, протестите во центарот на Бејрут покажуваат дека „младите поколенија бараа коренити промени во Либан“. Според него, „надживеаниот конфесионален корумпиран систем треба да биде сменет со демократска граѓанска власт“./крај/мф/сн

Извор: Reuters/AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет6 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија7 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија7 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...

Македонија9 часа

„Сите сме под стрес“: сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски разговараше со медиумите по киднапирањето

Сопругата на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, Марина, се огласи еден ден по неговото киднапирање . Имено, ноќта меѓу сабота и...

Топ12 часа

Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна...

Македонија13 часа

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ13 часа

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија14 часа

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија14 часа

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија15 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија16 часа

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет17 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа18 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа18 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа18 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија19 часа

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија1 ден

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија1 ден

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија1 ден

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...