Вести
НАТО размислува за испраќање уште војници на руските граници, но не сака конфронтација

Земјите членки на НАТО разговарале за испраќање на дополнителни контингенти војници на границата со Русија и нивно официјално ставање под команда на Алијансата, пишува во средата The Wall Street Journal, додека истовремено нејзини висок функционер изјави дека не се бара конфронтација со Русија.
Повикувајќи се на дипломатски и воени функционери, американскиот весник пишува дека со еден план се предвидува испраќање неколку баталјони со бројност меѓу 800 и 1.000 војници во Полска и во секоја од балтичките држави – Естонија, Латвија и Летонија. Другиот, план, пак, предвидува распоредување на само еден баталјон на НАТО во регионот.Ваквите планови се оправдуваат со стравувањето што споменатите земји го покажуваат, особено трите балтички во кои има значително руско и рускојазично население, по украинската криза за којашто Западот ја обвинува Русија.Покрај тоа, американската администрација најавила дека има намера да ги пренесе американските војници кои се стационирани во базите во Полска и на Балтик, под директна команда на НАТО, пишува натаму The Wall Street Journal. Се истакнува дека во секоја од овие четири земји се распоредени по 150 американски војници.Истовремено, на брифингот во украинската престолнина Киев, заменик-началникот на Генералштабот на Стратешката команда на НАТО за планирање, Ежи Бижевски, изјави дека Северноатлантскиот сојуз не бара конфронтација со Русија.„НАТО не се обидува да создаде конфронтирање со Русија“, рекол Бижевски пред студентите на киевскиот Воен институт, пренесува Reuters. Притоа истакна дека силите за стратешки одговор на Алијансата „се наоѓаат на ниво на висока борбена готовност…. и можат многу брзо оперативно да се распоредат на целата територијата на НАТО“.Претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руските медиуми изјави дека НАТО ги прикрива своите активност со „изговори за имагинарни закани“ од Русија. Истовремено, според Песков, сите планови за приближување на воената инфраструктура на НАТО до руските граници ќе доведе до соодветни реакции од страна на Москва./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.