Свет
ОН: Катастрофална суша во Африка

Повеќе од 11 милиони луѓе, на Рогот на Африка, се сочуваат со најстрашната суша во последните шест децении, и потребна им е помош за да преживеат, рече генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.
Повеќе од 11 милиони луѓе, на Рогот на Африка, се сочуваат со најстрашната суша во последните шест децении, и потребна им е помош за да преживеат, рече генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун. Од сушата се погодени северот на Кенија, Етиопија, Сомалија, Еритреја и Јужен Судан. Првиот човек на светската организација побара од донаторите итно да го поддржат планот на ОН вреден 1,6 милијарди долари. Според зборовите на Бан Ки-мун, досега е собрано само половина од сумата.„Цената на оваа криза изразена во човечки животи е катастрофална. Не можеме да си дозволиме повеќе да чекаме“, рече тој. Генералниот секретар на ОН закажа вонреден состанок со шефовите на разни агенции на ОН за да се разгледа опцијата, дали сушата во источна Африка „потпомогната“ со постојаните борби во Сомалија, може да предизвика хуманитарна катастрофа. Агенцијата УНИЦЕФ соопшти дека 65.000 деца само во Кенија се соочуваат со акутен ризик од умирање, додека во Сомалија секое шесто дете умира пред петиот роденден. крај/б/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп нема да се кандидира за трет мандат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не планира да се кандидира за трет мандат како шеф на државата, иако во изминатите недели имаше спекулации за тоа.
Трамп, кој постојано ја споменуваше можноста за трет мандат откако се врати во Белата куќа во јануари, ја отфрли таа можност, што е забрането со Уставот.
„Тоа не е она што се обидувам да го направам“, рече Трамп.
„Сакам да имам четири многу добри години, а потоа да се повлечам и да направам место за некој друг, идеално за одличен републиканец“, додаде Трамп, кој ги именуваше својот потпретседател Венс и државниот секретар Марко Рубио за потенцијални наследници.
„Ќе бидам претседател осум години, претседател со два мандата. Секогаш мислев дека тоа е важно“, рече Трамп во интервју за Ен-Би-Си – Њуз.
На прашањето дали на странците на американска почва треба да им се обезбеди фер судење, како што е предвидено во Уставот, републиканскиот милијардер рече дека не е адвокат и не знае.
Трамп ја стави борбата против нелегалната имиграција на прво место, зборувајќи за „инвазија на криминалци од странство“ и организирајќи полициски операции за нејзино спречување.
Свет
Украинската воздушна одбрана собори 69 од 165 дронови користени во рускиот напад врз Украина

Украинската воздушна одбрана собори 69 од 165 дронови користени во рускиот напад врз Украина во текот на ноќта, соопшти украинската војска.
Воздухопловните сили на Украина соопштија дека 80 од дроновите исчезнале од радарот, веројатно поради мерки за електронско војување преку кои тие биле пренасочени, или биле мамки што не носеле експлозиви.
Најмалку 11 лица се повредени во рускиот напад со беспилотни летала врз Киев во текот на ноќта, во кој беа запалени неколку станбени згради во украинскиот главен град.
Меѓу повредените се двајца малолетници на возраст од 14 и 17 години.
Регионалниот гувернер на регионот Черкаси во централна Украина, Игор Табуретс рече дека во нападот со руски беспилотни летала доцна синоќа се предизвикани неколку пожари. Украинската служба за вонредни ситуации соопшти дека едно лице е повредено.
Регион
Сведоштво по страшната сообраќајка во Хрватска: „Се слушна силен тресок, врескање, а луѓето излегуваа низ прозорците“

Две лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во страшната сообраќајка што се случи на автопатот А3 низ Хрватска вчера ноќта. На кобната несреќа, во која учествувале автобус и автомобил од Босна и Херцеговина, ѝ претходел „судир“ на автомобил голф и срна, која излетала на автопатот.
„Автомобилот налета на срна која истрча на патот. Возачот очигледно не можел да го придвижи автомобилот после тоа, но излегол на патот и мавнал кон другите автомобили за да ја намали брзината и да застане. Возачот на автобусот што доаѓал не застанал и удрил во тој автомобил, ја пробил заштитната ограда и се превртел и завршил во спротивен правец“, изјавил Мирослав Голуб од противпожарната служба, пренесува 24сата.
Очевидци раскажале за ГП Маљевац како изгледале застрашувачките моменти по судирот. “Тоа беше како на филм.
„Се слушна силен тресок, а потоа и врескање. Луѓето се обидуваа да излезат низ скршените стакла на автобусот. Возачот на автомобилот стоеше на страна и мавташе за да ги предупреди другите, но не успеа”, рекол сведок на хоророт на автопатот.