Вести
САД признаа дека за 5 месеци убиле 20 цивили во Ирак и Сирија
Во американските воздушни напади врз екстремната сунитска група Исламска држава во Ирак и во Сирија загинаа дваесет цивили и ранети се уште единаесет, во периодот од ланскиот септември до овој февруари, призна Пентагон во петокот.
„Во девет различни американски воздушни напади во Ирак и во Сирија меѓу 10-ти септември и 2-февраури 2016 година, веројатно загинале 20 и 11 се ранети. Длабоко жалиме за несаканите загуби на животи и ранувања во тие напади“, се вели во соопштението на Американската централна команда за Блискиот исток и Авганистан (Сентаком), и се упатуваат „изрази на длабоко сочувство на семејствата на жртвите“. Се додава и дека уште траат истраги за други цивилни жртви во нападите врз џихадистичката група.
Според списокот на Пентагон, во Ирак се изведени шест напади во кои се убиени цивили, вкупно 17 мртви, и три напада во Сирија, со три жртви. Најсмртоносните напади се изведени во Ирак, на 15-ти октомври со осум мртви, и на 12-ти декември со пет жртви.
Во еден напад во близина на Мосул во Ирак загинал еден цивил. Тој напад го привлече вниманието на меѓународната јавност, бидејќи беше насочен врз објект во кој Исламската држава ги чувала парите и на снимките кои беа објавени се гледаше стотици банкноти како летаат во воздухот по бомбардирањето.
Невладините организации наведуваат дека бројот на цивилните жртви е многу поголем по речиси 12.000 воздушни напади или напади со беспилотни летала. Организацијата Airways, со седиште во Лондон, која собира јавно достапни информации за бомбардирањата, кон крајот на март објави дека во руските напади се убиени меѓу 1.096 и 1.448 цивили во Сирија меѓу октомври и декември 2015 година, во текот на 192 бомбардирања.
Но Москва ваквите наводи ги третира како дел од пропагандата на Западот, бидејќи вели дека откако ланскиот септември започна со незината воздушна кампања во Сирија, Исламската држава доживеала значителни загуби, за разлика од речиси двегодишната воздушна кампања на меѓународната коалиција предводена од САД. Руското министерство за одбрана негира дека извршува напади во области каде има цивилни објекти, и бара на таквите обвинувања докази.
Во нападите на меѓународната коалиција предводена од САД, веројатно се убиени 1.044 лица во Ирак и во Сирија од почетокот на нападите врз џихадистите во летото 2014 година, наведува организацијата Airways. Вашингтон досега призна дека од почетокот на нападите на коалицијата во Ирак и во Сирија се убиени 41 цивил и 28 се ранети./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.