Регион
Албанската опозиција на протести во Тирана, полицијата стравува од инциденти

Албанската опозиција, во четвртокот протестира во Тирана. Опозицијата на протестот ќе побара оставка на Владата на Еди Рама.
Претседателот на најголемата опозицона партија – Демократската, Лулзим Баша, во средата вечерта соопшти дека претестите ќе бидат мирни, додека пак полицијата информираше дека има индиции протестот да се злоупотреби за инциденти.
Директорот на албанската полиција Артан Диди според медиумите во Тирана дал наредба полицијата на протестот да не носи оружје туку само гумени палки. Албанското МВР не дава точна бројка на полицајци кои ке го обезбедуваат митингот.
Инаку, стотици автобуси од внатрешноста со членови и сипматизери на опозицијата, во четвртокот наутро тргнале кон Тирана. Полицијата соопшти дека ќе ги легитимира сите патници бидејќи имало лица кои треба да бидат отстранети. За тие лица полицијата соопшти дека има информации дека тие ќе го оискористат протестот за да предизвикаат инциденти.
Премиерот Еди Рама рече дека со протестите не се сретство со кои може да се собори власта. Американската амбасада во Тирана побара од своите државијани да го избегнат протестот и локацијата каде што тој ќе се одржува. крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.