Свет
Рекорден број самоубиства меѓу американските војници
Бројката самоубиства кај американските војници годинава го надминал ланскиот рекорд, кога животот си го одземале 211 припадници на активниот и резервниот состав
Од јануари годинава досега, 140 војници од активниот состав на американската армија си го одзеле животот, а регистрирани се уште 71 самоубиство кај војниците од резервниот состав, објави Пентагон во средата.Ова е најголем број самоубиства од 1980 г. досега.Најголемиот број самоубиства се случиле во јануари и февруари, а надлежните не можат да откријат значајна причина или начин евентуално да го предвидат човековото однесување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Автомобил влета во група студенти во Србија, едно лице заврши на покривот
Студентка денеска е тешко повредена во Белград кога возач влетал во група студенти додека со 15-минутно молчење им оддавале почит на загинатите при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Tokom odavanje pošte stradalim, u Ruzveltovoj ulici u Beogradu, povređena je devojka kada ju je udario i nosio na krovu automobila nakon čega je pala ulicu. pic.twitter.com/M7nxsSuBK2
— TV N1 Beograd (@n1srbija) January 16, 2025
Повеќе од еден месец студенти од повеќе од 60 факултети им оддаваат почит на жртвите од Нови Сад со блокирање на сообраќајот 15 минути. Во четвртокот, додека стоеле на раскрсницата пред техничките факултети возач на комби во темно сина боја со голема брзина влетал од улицата на тротоарот.
Од силината на ударот студентката се нашла на покривот на автомобилот, кој продолжил да се движи носејќи ја на покривот околу триесетина метри, пред да падне на земја, покажуваат снимките објавени на социјалните мрежи.
Блокадите на факултетот беа иницирани токму поради насилството на кое беа изложени студентите на Факултетот за драмски уметности кога на 22 ноември додека им оддаваа почит на жртвите од новосадската трагедија беа нападнати од неколку лица кои подоцна беа идентификувани како членови и функционери на владејачката Српска напредна партија, анализираат медиумите во регионот.
Според написите, насилството врз студентите и учесниците на протестот беше повторено уште неколку пати додека највисоките владини функционери ги нарекоа студентите странски платеници, а блокадите обид за „обоена револуција“.
Полицијата соопшти дека го „ го пронашла возачот М.П.(38), кој е осомничен дека денеска околу пладне удрил во 20-годишна девојка. Се сомнева дека во возилото имало уште две лица, соопшти МВР.
Според неофицијални информации студентката е тешко повредена и пренесена во болница. Засега нема официјална изјава за нејзините повреди. Студентите потврдија дека девојчето е студентка во прва година на Правниот факултет во Белград.
Свет
Папата Франциско падна во својата резиденција и си ја повреди раката
Папата Франциско утрово падна во својата резиденција и ја повреди десната рака, но сѐ помина без скршеници, соопшти Ватикан.
Поглаварот на Католичката црква, кој во декември го прослави 88. роденден, е само повреден, а раката превентивно му била имобилизирана.
Според написите во медиумите, папата Франциско во последните години се соочи со низа здравствени проблеми, а ова е негов втор пад во последните неколку недели. На почетокот на декември се појавил со голема модринка на брадата бидејќи во текот на ноќта паднал и удрил во ноќната масичка.
Тој исто така користи инвалидска количка од 2022 година поради проблеми со подвижноста предизвикани од болки во колената. Но, во својата автобиографија „Надеж“, која неодамна ја објави, тврди дека е во добра здравствена состојба и ја исклучува можноста да се повлече од функцијата. Тој, сепак, признава дека „реалноста е дека, едноставно, сум стар“, пренесува Си-ен-ен.
Тој изјавил и дека на почетокот му било непријатно да користи инвалидска количка, но додава: „Староста никогаш не доаѓа сама и мора да ја прифатите таква каква што е“.
„Црквата се води со глава и со срце, а не со нозе. Јас имам физиотерапија двапати неделно, користам бастун, правам што повеќе чекори и продолжувам понатаму“, вели верскиот поглавар, пишува медиумот.
Свет
(Видео) Додека си заминуваше, новинар му постави прашање на Бајден, тој се насмеа и одговори: „Дали е тоа шега“
Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден, со одговор на новинарско прашање за тоа кој ќе ја добие заслугата за договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.
„Дали е тоа шега“?, одговори Бајден на прашањето дали тој или неговиот наследник Доналд Трамп ќе добијат заслуги за договорот кој може да стави крај на 15-месечниот конфликт во Газа, пренесе „Хил“.
Израел и Хамас постигнаа договор во средата за прекин на огнот и ослободување на заложниците, како што објави „Тајмс оф Израел“. Договорот ќе стапи во сила в недела на 19 јануари, потврди премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани.
Трамп јавно ја прослави веста за договорот пред неколку часа за подоцна да биде објавено официјално соопштение од Белата куќа. Новоизбраниот претседател исто така ја презеде заслугата на себе велејќи дека договорот немаше да биде постигнат без неговата победа во ноември над ривалката Камала Харис.
Објавувајќи го договорот со Харис од негова страна, Бајден призна дека тој ќе биде имплементиран откога ќе ја напушти функцијата и рече дека неговиот тим работи со тимот на Трамп што доаѓа. Трамп треба да положи заклетва в понеделник, пишува „Хил“.
„Исто така, би истакнал дека овој договор е развиен и преговаран под моја администрација, но поголемиот дел од неговите одредби ќе биде имплементиран од следната администрација. Во текот на овие неколку дена разговаравме како еден тим“, рече Бајден во обраќањето од Белата куќа.
Тој исто така посочи дека договорот го има истиот рамковен договор за кој неговата администрација помогна да се преговара во мај и дека Израел успеа да го ослаби Хамас благодарение на американската помош.
„Знаев дека овој договор ќе треба да го спроведе следниот тим, па му реков на мојот тим тесно да се координира со овој што доаѓа, да се погрижиме сите да зборуваме во еден глас бидејќи тоа го прават претседателите на Америка“, изјави Бајден.