Црна хроника
Чувар на депонија тешко повреден од лице што собирало предмети

Непознат сторител кој заедно со уште неколку лица собирале предмети од депонијата за смет на местото Краста, Куманово го нападнал чуварот на депонијата кој со тешки повреди е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.
Четириесет и едногодишниот чувар од кумановското село Пчиња, во средата на пладне забележал повеќе лица кои влегле во депонијата и собирале предмети. Кога им рекол да ја напуштат депонијата, еден од нив триесет и двегодишен кумановец, го нападнал и му нанел тешки телесни повреди. Повредениот бил пренесен на Хирушко одделение во Куманово, од каде како итен случај бил пренесен во Клиничкиот центар-Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Депонијата е во сопственост на „Чистота и Зеленило“ – Куманово. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.