Контакт

Вести

Хамас подготвен за нова војна во Газа, гради нови тунели

Објавено пред

Челникот на палестинското исламистичко движење Хамас во Појасот Газа, Исмаил Ханија, изјави во петокот дека е подготвен за нова војна со Израел и оти палестинските вооружени групи градат нови тунели под енклавата којашто е под блокада.

dobivaj vesti na viber

Исмаил Ханија одржа говор пред илјадници луѓе присутни на погребот на борци на Хамас кои оваа седмица претходно загинаа при уривање на еден таков тунел.

Вооруженото крило на Хамас, „Бригадите на Езедин ал-Касем и движењето на отпорот се подготвуваат во воздух, на копно, на море и под земја“, рече Ханија.

Телата на седумте борци завиткани во знамињата на Хамас беа носени на раце од стотиците борци на Бригадите на Езедин ал-Касем, кои извикуваа слогани во кои повикуваа на ескалација на судирот со Израел.

Иако од август 2014 година, по третата војна во палестинската енклава Појасот Газа за шест години, на сила е примирјето со Израел, поранешниот палестински премиер изјави дека вооружените групи во Газа и натаму можат „во секој момент да реагираат на секој судир“ со Израел.

„Источно од Газа јунаците под земјата градат тунели (по должината на границата со Израел – з.р), а западно од Газа јунаците секојдневно ги испитуваат ракетите“, од енклавата којашто ја контролира Хамас, а којашто е херметички затворена со израелска безбедносна ограда од едната страна, и со египетската тампон зона од другата.

Безбедносни извори наведуваат дека Хамас ги обновил тунелите кои Израел ги уништуваше во војната во летото 2014-та, и чија цел беше токму нивното уништување./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Доживотен затвор за Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева

Доживотен затвор доби Фадил Зејнелов, 33-годишниот убиец на 29-годишната Емилија Пешева од Штип. Пред два дена сега осудениот Зејнелов на...

Македонија2 часа

(Видео) Пратениците од власта не се откажаа од енормните суми за патни трошоци, рече Мециновиќ

Пратениците од партиите на власт не го поддржаа законот за ограничување на патните трошоци, што го предложи партијата Левица. Пратеникот...

Македонија2 часа

ЗНАМ тврди дека не наплаќа патни трошоци и не го поддржа предлогот на партијата Левица за нивно намалување

Пратениците од ЗНАМ ниту досега наплаќале, ниту ќе наплаќаат патни трошоци. Само еден колега од пратеничката група за седум месеци...

Македонија2 часа

Тања Чачарова-Илиевска не е спремна да зборува за став за интерпелацијата, но забележала дека се бара колективна одговорност

Тања Чачарова-Илиевска, членка на Судскиот совет, денес не беше спремна да зборува за поднесената интерпелација за петтемина членови на Судскиот...

Македонија3 часа

Јавниот обвинител Коцевски со месеци штити поранешни функционери, изјави Петрушевски

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на Социјалдемократскиот сојуз, Обвинителството го претвори во нивна филијала, изјави пратеникот...

Македонија3 часа

Дамева: Оставка се поднесува само ако постојат оправдани причини, ќе ја анализирам содржината на интерпелацијата

Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, вчера ја добила интерпелацијата, но за да изгради став, вели дека треба да...

Топ3 часа

(Видео) Уапсен 24-годишник од Скопје, при претрес пронајдено речиси еден килограм дрога

Денеска во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје, со судска наредба, извршиле претрес...

Македонија5 часа

Македонија и Украина потпишаа спогодба за либерализација на билатералниот транспорт и транзит на стока

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари видео конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри...

Европа6 часа

Данското разузнавање: Русија би можела да почне голема војна во Европа во рок од 5 години

Ако Русија процени дека НАТО е слаб, би можела да биде подготвена да води „војна од големи размери“ во Европа...

Свет7 часа

(Видео) Снежна лавина блокира хотели, луѓе евакуирани со хеликоптери: драма кај Фукушима

Четириесет лица, вклучително и гости на хотел, беа евакуирани со хеликоптер за спречување катастрофи кога лавина блокира три хотели во...

Свет7 часа

Данците почнаа петиција за купување на Калифорнија од САД: собраа речиси 200.000 потписи

Како одговор на идејата на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи Гренланд, во Данска е поведена петиција оваа европска...

Европа7 часа

(Видео) Масовен ракетен напад врз Киев, горат станбени згради: „Вака Путин сака да ја заврши војната!“

Во утринските часови руската војска извршила ракетен напад врз Киев, соопштија украинските власти. „Вака Путин сака да ја заврши војната....

Регион8 часа

(Видео) Се појави нова снимка од земјотресот во Хрватска: „Се тресеше 5-6 секунди, стравот беше голем“

Далмација вчера беше потресена од земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 15 километри североисточно...

Економија21 час

Владата ќе ги ограничи маржите на повеќе производи, меѓу кои и детергентите и бебешката храна

Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и...

Македонија21 час

Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Владата донесе одлука за поведување постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. „Разочараноста на Владата од постапувањето надвор...

Македонија1 ден

Нема да ни се повторат „Соравија“, „бентли“ и „ролс-ројс“ на блиски роднини на нашите семејства, вели Мицкоски за падот во борбата против корупцијата

Логичен е извештајот на „Транспаренси интернешнл“ за 2024 година, кој покажа дека земјата паднала за два индексни поена во борбата...

Македонија1 ден

Јаневска за забраната на мобилните телефони: Училиштата се под ингеренции на општините, тие ја носат одлуката

Учениците ќе бидат повеќе фокусирани на знаењето кога кај нив не се присутни мобилните телефони, согласна е министерката за образование...

Македонија1 ден

Утврдени слабости во работењето на Централниот регистар, алармира Државниот завод за ревизија

По извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на Централниот регистар на Република Северна Македонија за 2023...

Македонија1 ден

Македонија бележи пад во борбата против корупцијата, ја дели 88. позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам

Во Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година, дури две третини од земјите добиле лоша оценка, според „Транспаренси интернешнл“...

Топ1 ден

Во пукањето во Чаир учествувале повеќе лица: подигнати се патрони, се прегледуваат видеоснимки

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската општина Чаир, каде во оружен...