Црна хроника
Апелација ги прогласи повиците за протест за притисок врз судот

Апелациониот суд Скопје во однос на реакциите на новинарските здруженија и најавите за протест како и причините за протестот, ја информира јавноста дека во врска со жалбите за предметот со КОК 51/13 во јавноста познат како „Ликвидација“, Апелациониот суд постапуваше согласно Уставот и Законите исто како и по секој друг предмет во жалбена постапка.
Апелациониот суд Скопје во однос на реакциите на новинарските здруженија и најавите за протест како и причините за протестот, ја информира јавноста дека во врска со жалбите за предметот со КОК 51/13 во јавноста познат како „Ликвидација“, Апелациониот суд постапуваше согласно Уставот и Законите исто како и по секој друг предмет во жалбена постапка.
„При донесување на одлуката во целост ги имаше во предвид жалбените наводи на сите обвинети лица, како и по службена должност ги ценеше сите законски основи поради кои може да се преиспитува одлуката на Првостепениот суд при што неспорно ја утврди фактичката состојба како што е наведено во самата одлука на Второстепениот суд. По одржување на јавната седница судот е должен детално да ги разгледа сите истакнати факти на странките во предметот, мора да ги анализира врз основа на фактите утврдени од страна на првостепениот суд, а потоа да донесе одлука која детално ќе ја образложи. Бидејќи се работи за комплексен предмет од организиран криминал во кој се обвинети повеќе лица за повеќе кривични дела Апелациониот суд имаше потреба од подолго време за целосно утврдување на фактичката состојба по што одлуката ја достави до првостепениот суд и со тоа првостепената пресуда стана правосилна , а Основниот суд Скопје 1 – Скопје е должен да ја извршува“, се вели во соопштението од Апелација.
Велат дека од горе наведените причини нејасно е зошто поединци и организации јавно повикуваат на протест пред Апелациониот суд и јавните реакции дека со правосилна судка одлука против лица за кои во рамките на судската власт повеќе степено е утврдено дека се сторители на одредени кривични дела, се ограничува правото на слобода на говор што во конкретниот случај не може да биде точно бидејќи се работи за кривични дела и недозволени дејствија преземени до страна на обвинетите точно и прецизно дефинирани во законите на Р.Македонија, што се должни да ги почитуваат и важат за сите граѓани.
„Затоа, неоснованите реакции и повиците за протест како демократско право, според овој суд, се злоупотребува и неможе да се сфати како ништо друго, освен како обид за своевиден притисок врз судот и судска власт, па токму затоа Апелациониот суд повикува судовите да бидат оставени да работат согласно Уставот и законите на Р.Македонија без никакви притисоци, а за одредено незадоволство од судска одлука да се искористат сите институционални и законски предвидени права“, се вели во соопштението на Апелациониот суд./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.