Свет
Анан: Борбите во Сирија продолжуваат.
Специјалниот пратеник на меѓународната заедница за Сирија, Кофи Анан во својот извештај за Советот за безбедност на Обединетите нации, наведе дека судирите во земјата продолжуваат иако нивниот интензитет е послаб, изјави за Reuters неименуван дипломат од ОН.
Кофи Анан во јавувањето преку видео врска од Женева до Советот за безбедност, рекол дека неговиот мировен план од шест точки е „е можеби последната можност да се избегне граѓанската војна“. Шефот на мировните операции на ОН, Ерве Ладсус изјави дека дошло до „забележително намалување на употребат ана тешко вооружување, намалување на големите воени операции, но сега се спроведуваат директни воени акции и масовни апсења“.
Друг неименуван дипломат рекол дека Ладсус потврдил оти тешката артилерија сепак привремено се употребува а дека е забележено присуство на сириските безбедносни сили во градовите. Анан, исто така, предупредил на можно зголемување на кршењето на човековите права со повеќе апсења и тортура врз приведените.
Според планот на Анан, и режимот на претседателот Башар ал-Асад и вооружената опозиција треба да ги прекинат судирите, да се овозможи доставување хуманитарна помош на населението во областите зафатени со конфликтот, распоредување на 300-те воени невооружени набљудувачи со мандат на ОН коишто ќе го надгледуваат прекинот на огнот, како и преговорите на судрените страни кој ќе биде насочен на овозможување „политичка транзиција“ на земјата.
Во понеделникот наутро инаку беа отворени гласачките места во Сирија на коишто избирачите ќе гласаат на првите повеќепартиски избори по четири децении, а се одвиваат во атмосферата на крвавите 14-месечни конфликти во коишто загинаа над девет илјади лица, и со најава за бојкот од опозицијата којашто ги оценува како фарса.
Станува збор за првите избори откако беше усвоен новиот устав на Сирија во февруари годинава. Новиот устава дозволува формирање политички партии освен владејачката Баат. Претходно, на почетокот од август 2011 година, претседателот Башар ал-Асад донесе акт за воспоставување повеќепартиски политички систем во земјата. Со овој акт се дозволува формирање политички партии коишто ќе делуваат заедно со партијата Баат, која на власт се наоѓа од 1963 година, со уставен статус „лидер на државата и општеството“. Овој декрет тогаш беше донесен само неколку часови откако Советот за безбедност на Обединетите нации го засили притисокот врз сириските власти, осудувајќи го режимот на Асад поради „кршење на човековите права и употреба на сила врз цивили“.
Лидерите на опозициските блокови ги повикаа Сиријците на бојкот на изборите оценувајќи дека станува збор за обид на претседателот Асад да остане на власта и покрај крвавите судири коишто траат од минатиот февруари по почетокот на протестите инспирирани од ткн Арапска пролет./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

