Контакт

Вести

Почина и таткото на 18-месечното бебе чиј дом го запалија еврејските екстремисти

Објавено пред

Саад Давабшех, таткото на 18-месечното палестинско бебе кои почина откако минатата седмица нивниот дом го запалија еврејски екстремисти, им подлегнал на повредите во израелската болница во којашто беше хоспитализиран, изјавија во саботата палестинските челници.

dobivaj vesti na viber

Палестинските власти на Западниот брег соработуваат со израелските власти поради пренесувањето на телото кое ќе биде погребано веднаш во саботата, изјавил Гасан Даглас, кој во Палестинската самоуправа е одговорен за северниот дел на Западниот брег, територија која меѓународната заедница ја смета за окупирана од Израел. Во таа област се наоѓа селото Дума, во коешто беше запален семејниот дом на Давабшех.

„Саад Давабшех почина, во тек се подготовките за неговото погребување во Наблус“, поголем град во близина на Дума, изјавил палестинскиот претставник за AFP.

Палестинците ги обвинуваат еврејските доселеници за овој напад, кој израелските челници едногласно го осудија како терористички, што ретко се случува која станува збор за напади извршени врз Палестинците.

Смртта ја потврдило и семејството Давабшех во Дума, една седмица по нападот кој ги потресе и Западниот брег, и Израел и целата меѓународна јавност.

Во мугрите на 31-ви јули маскирани лица фрлиле молотови коктели врз куќата на семејството Давабшех на коишто прозорците биле отворени поради големите горештини. Малата куќа брзо изгорела, а останаа само ѕидовите на кои биле испишани зборовите „одмазда“ и „цената која треба да се плати“ коишто со години ги користат активистите на екстремната десница и доселениците во Израел и на Палестинските области, како изговор за агресијата и нападите против Палестинците и израелските Арапи или, пак, нападите врз христијанските и врз муслиманските светилишта, па дури и врз израелски војници.

Осумнаесетмесечното машко бебе живо изгорело, а неговата 26-годишна мајка Рихам и таткото Саад беа хоспитализирани со изгореници од трет степен на 90 отсто од телото. Мајката сé уште се бори за живот, додека нивниот втор син, четиригодишниот Ахмед, покажува овие денови знаци на подобрување. Локалните медиуми пишуваат дека ги отворил очите и проговорил./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем....

Европа49 минути

Прв поранешен претседател на земја од ЕУ зад решетки: Саркози ќе оди во затвор за два дена

Поранешниот француски претседател Никола Саркози треба да оди во затвор во вторник поради неговиот заговор за обезбедување либиско финансирање за...

Uncategorized1 час

Бројот на дронови што упаѓаат во аеродромите низ Европа значително се зголеми

Голем број беспилотни летала го нарушија воздушниот простор низ Европа во последните недели, предизвикувајќи тревога поради повторените упади со дронови...

Свет1 час

(Видео) Американците објавија снимка од нападот на Карибите; Пентагон: Транспортираа товар со дрога

Министерството за одбрана на САД објави снимка од напад со беспилотно летало извршен пред два дена врз полу-нурнат брод на...

Свет2 часа

Хамас предаде уште две тела на заложници, израелската армија идентификуваше едно

Израелските одбранбени сили (ИДФ) го идентификуваа телото на еден од заложниците вратени од Хамас како дел од договорот за прекин...

Македонија2 часа

Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата. На Локалните избори 2025 во Северна...

Македонија18 часа

Скандал во студентскиот дом „Гоце Делчев“, студент снимал девојки додека се туширале

Студент бил фатен како тајно снима студентка во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. „На 16 октомври 2025 во 20...

Топ21 час

Возел со 3,32 алкохол во крвта и направил сообраќајка

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од...

Македонија21 час

ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во...

Македонија23 часа

ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во...

Македонија23 часа

Куманово со најмногу гласачи 94.041, Лозово со најмалку 1.905

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата и 112...

Македонија1 ден

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски...

Регион2 дена

Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета...

Свет2 дена

Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека...

Македонија2 дена

Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со...

Македонија2 дена

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ2 дена

Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување...

Топ2 дена

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија2 дена

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија2 дена

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...