Македонија
Два смртни случаи од грип за еден ден во Скопје
Двајца пациенти починаа од грип во петок на Клиниката за инфективни болести во Скопје, со што бројот на починати од грип сезонава во Македонија достигна седум.
Пациентите десет дена биле хоспитализирани на Инфективната клиника со тешка клиничка слика и повеќе хронични заболувања. Станува збор за маж на 65 години и жена на 74 годишна возраст, и двајцата од Скопје.
Починатата жена била со хронична срцева слабост, хипертензија, билатерална бронхопневмонија и подолго време диспноична (со отежнато дишење). Исто така, починатиот маж боледувал од карцином, со астма, дијабет, акутна бубрежна слабост, прележан мозочен удар и со тешка двострана бронкопнемовија.
„И покрај спроведената антивирусна терапија и повеќедневните напори на лекарите кај пациентите е констатирана смрт во текот на денешниот ден“, соопштија од Клиниката.
На Клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 115 пациенти, од кои над 60 проценти се со клиничка слика на грип, а 10 се во потешка здравствена состојба и се третираат на одделението за интензивна нега.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

