Македонија
Симулација на македонско-грчките преговори за името
Симулација на преговори за името меѓу Македонија и Грција, на која учествуваат интелектуалци и експерти од двете земји, новинари и политичари, се одржува денеска во Охрид.
Симулација на преговори за името меѓу Македонија и Грција, на која учествуваат интелектуалци и експерти од двете земји, новинари и политичари, се одржува денеска во Охрид.
Според најавите на организаторот, А1 телевизија, експертите поддржани од меѓународната заедница ќе се обидат да симулираат како Македонија во целиот овој процес да излезе како победник.
Организаторот смета дека на јавноста во ситуација кога и двете страни практично ги филуваат информациите за да се претстави дека навистина се преговара, ќе се обиде преку овој проект да покаже дека вклучувањето на јавноста може да придонесе за решавање на спорот, што е кочница за македонскиот прием во НАТО и почеток на преговорите со Европската унија.
Во Охрид учествуваат од Меѓународната кризна група Бренда Пирсон, Реј Пауер од Британската стопанска Комора, поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, поранешниот министер за надворешни работи и професор по меѓународно право Љубомир Фрчкоски, Филос Стангос, новинар од Грција, Младен Чадиковски од А1 телевизија, Атанас Кировски главен и одговорен уредник на магазинот Форум, Беким Кадриу и др. /крај/фо/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

