Регион
Убиен познат адвокат во Турција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/f89c7be0dff.gif)
Угледниот турски адвокат и борец за човекови права, Тахир Елчи, кој беше обвинет дека ги поддржува курдските бунтовници, убиен е во саботата во напад во Дијарбакир.
Во нападот загина и еден полицаец, соопштија локалните власти.
Додека министерот за внатрешни работи Ефкан Ала тврди дека нападот бил вперен против полицајците и дека Елчи настрадал во пукотницата по нападот, Адвокатската комора на Дијарбакир тврди дека токму адвокатот бил мета на нападот.
Елчи е убиен во моментот кога заедно со други адвокати составувал соопштение за медиуми, соопшти градоначалникот на Дијарбакир, Фиран Анли.
Во судирот се повредени двајца полицајци и еден новинар.
Елчи (49) беше на чело на Адвокатската комора во Дијарбакир, град во кој Курдите се мнозинство.
Во октомври беше приведен бидејќи за една телевизија изјави дека Работничката партија на Курдистан (ПКК) не е терористичка организација.
Набргу потоа беше обвинет за терористичка пропаганда за што му се закануваше седумгодишна затворска казна, а се жалеше и дека добива смртни закани поради своите изјави. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
(Видео) Грабеж на банка во Мостар, чуварот со голи раце тргнал кон вооружениот разбојник
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-06-192004.jpg)
Обид за вооружен грабеж се случил денеска во експозитура на банка во Мостар, јавуваат медиумите во регионот.
Маскирано лице со пиштол влегло во банката, а обезбедувањето го ризикувало животот тргнувајќи по него со голи раце, пренесува „Аваз.ба“.
Откако се борел со обезбедувањето, напаѓачот избегал од банката.
Според написите на тамошните медиуми, разбојникот набрзо бил уапсен.
Регион
Маж застрелал куче кое му влегло во дворот во Славонски Брод
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/Priča_o_psu_heroju_koji_se_doma_vratio_s_porukom_koja_je_začudila_vlasnike_-_Index.hr_-_2019-03-11_20.47.45.jpg)
Полициската управа пријавила дека вчера околу 19 часот во Славонски Брод 79-годишен маж со воздушна пушка пукал во куче кое без надзор влегло во неговиот двор. Кучето потоа умрело од повредите здобиени за време на операцијата во ветеринарна клиника.
Според полицијата, полициските службеници од 79-годишниот маж одзеле регистрирана воздушна пушка и против него поднеле посебен извештај како дополнување на кривичната пријава до општинското државно правобранителство во Славонски Брод поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убивање или мачење животни.
Потоа, на 49-годишник изречена му е прекршочна мерка од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир затоа што не чувал животни под надзор.
Регион
Вонредна состојба на Санторини
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/677z381_677z381_santorini.jpg)
На грчкиот остров Санторини е прогласена вонредна состојба поради зголемена сеизмичка активност која продолжува да го потресува популарниот остров во Егејското Море и соседните Аморгос, Анафи и Иос, а што поттикна многу жители и посетители да ја напуштат областа, пишува онлајн изданието „Катимерини“.
Вонредната состојба ќе важи до 3 март, соопштија властите за цивилна заштита.
Земјотресите продолжуваат да ја тресат областа, зголемувајќи го ризикот од сериозни одрони и паѓање на карпи.
Само во ноќта меѓу вторникот кон средата шест земјотреси со јачина од околу 4 степени се регистрирани во областа Санторини, по кои синоќа следеше посилен потрес со јачина од 5,2 степени јужно од Аморгос.