Контакт

Вести

Џихадстите го обезглавија директорот за старини во Палмира – ВИДЕО

Објавено пред

Припадниците на сунитската џихадистичка организација Исламска држава му ја отсекле главата на поранешниот директор за старини во античкиот град Палмира во централна Сирија.

dobivaj vesti na viber

Калед ал-Асаад, на 82 години, бил погубен со отекување на главата од страна на џихадистите во вторникот попладнето во Палмира, во централната сириска покраина Хомс, изјави за агенцијата AFP директорот на одделот за старини и музеи, Маамун Абделкарим.

„Исламската држава го погуби најистакнатиот стручњак за старини“, изјавил Абделкарим.

На џихадиститечките интернет страници се објевени фотографии на кои се гледа тели на коешто е поставено предупредување дека станува збор за ал-Асаад. Исламската држава го казнила поради тоа што му давал поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад. На меѓународна конференција во странство.

И опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, којашто како релевантен извор ја користат западните агенции, го потврдила погубувањето.

Исламската држава, која се претставува како ултрарадикална сунитска група со своето ригидно практикување на исламот и забранува секакви изрази кои ги смета за идолопоклонство, во мај годинава го окупираше градот со 50.000 жители во чија близина е археолошки локалитет викан и „бисерот или Венеција на пустината“, кој на светски ниво е познат како едно од најбогатите и најдобро зачувани останки на грабни од римскиот период. Градот Палмира е ставен на листата на заштитено светското културно наследство на УНЕСКО, сместен е 240 километри североисточно од сириската престолнина Дамаск и е познат по зачуваните римски колонади, храмови и надгробни споменици.

Исламската држава прогласи калифат како централна власт над сите муслимани кои живеат на териториите кои ги зазема во Сирија и соседен Ирак, со вкупна површина како Велика Британија. Нејзините припадници кои велат дека се во света војна (џихад) го згрозија светот со бруталните и масовни погубувања на локално население на областите кои ги контролираат и на западни заложници.

Припадниците на радикалната сунитска организација Исламска држава станаа познати и по тоа што изминатите месеци ги урнаа и археолошките остатоци од древниот асирски град Дур-Шарукин, во близина со гратчето Хорасабад, 15 километри североисточно од Мосул. Дур-Шарукин е асирски град подигнат од царот Саргон Втори, во периодот кога Асирија била најмоќната земја во тогашниот свет.

Џихадистичката групација Исламска држава во април објави на интернет видео записи на кои нејзините припадници со пукање од пушки и копачи уништуваат споменици на културата во Хатра. Некогашниот партски град Хатра, во провинцијата Нанива, е древен град стар повеќе од две илјади години, кој од 1987 година е прогласена са археолошки локалитет од светското културно наследство, се наоѓа на 110 со километри јужно од Мосул, во северен Ирак.

Советот за безбедност на ОН на 12-ти февруари годинава, ја усвои Резолуцијата 2199 со која за засилува забраната за трговија со антиквитети и културни вредности со коишто се финансира тероризмот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Каја Калас: На Путин не може да му се верува

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја таргетира воената економија на Русија и...

Македонија10 часа

Поради пожарот кај Јасен, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет12 часа

Швајцарија му нуди имунитет на Путин ако дојде на мировна конференција

Швајцарија ќе му понуди имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај неговото обвинение во Меѓународниот кривичен суд, под услов...

Македонија13 часа

Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево ќе ги поврзува модерна пруга – Владата почнува со подготвки, ЕУ поддржува со 5,3 милиони евра

Владата донесе одлука за започнување на подготовки за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Кичево...

Македонија13 часа

Одложени рочишта во Кривичниот суд поради неспроведување на притвореници – Утковски: Затворот има недостиг на возила и кадар

Во изминатите два дена, речиси сите насрочени рочишта во Основниот кривичен суд Скопје биле одложени, со навремена достава на покани...

Топ15 часа

МВР со детали за смртоносната несреќа кај Ресен: двајца загинати, едниот 20-годишен

Две лица загинаа, третото е тешко повредено. Ваков е трагичниот биланс од смртоносната сообраќајна несреќа што се случи вчера на...

Македонија15 часа

На непристапен терен со силен оган, надлежните се борат од воздух – леталата ја формираат линијата на пресек кај Јасен

Шумскиот пожар во непристапниот терен кај Јасен е повторно активиран, а слабиот дожд не беше доволен за негово сопирање. Директорот...

Свет16 часа

Лавров: Трамп и неговиот тим сакаат да постигнат долгорочен и сигурен резултат

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го пофали Доналд Трамп за желбата за траен мир во Украина, а ги...

Свет17 часа

Зеленски: Веќе работиме на специфичната содржина за безбедносните гаранции

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека почнале подготовките за средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски....

Македонија17 часа

Државниот завод за ревизија: Отсуство на кадар и процедури го загрозуваат квалитетот на податоците во Централниот регистер на населението

Државниот завод за ревизија спроведе проверка на информациските системи со фокус на усогласеноста на процедурите за безбедност на податоците од...

Топ19 часа

(Фото) Во два одвоени случаја уапсени три лица во Кочани и Кочанско, пронајдена дрога

Вчера во 15:40 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Кочани го лишиле од слобода 22-годишниот Б.Д....

Свет20 часа

Макрон по состанокот: Трамп верува во договорот, јас не верувам во Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази претпазливост во врска со средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет21 час

Белата куќа објави фотографија: Трамп разговара по телефон со Путин

Американскиот претседател синоќа го повика Путин по средбите со Зеленски и европските лидери. „На крајот од средбите, го повикав претседателот...

Свет22 часа

Шефот на НАТО: Испраќањето војници во Украина не е дискутирано

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека за време на разговорите во Белата куќа, воопшто немало дискусија за испраќање...

Свет22 часа

Германскиот канцелар: Договорено е Путин и Зеленски да се сретнат во рок од две недели

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се огласи кратко по завршувањето на разговорите во Белата куќа со Доналд Трамп. Мерц рече дека...

Свет22 часа

Зеленски: Путин во разговорот со Трамп предложил да се сретнеме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа прес-конференција пред Белата куќа по историската средба со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери....

Свет22 часа

Трамп вели дека почнал со подготовките за средбата Путин – Зеленски

Доналд Трамп ги истакна можните следни чекори по средбите во Белата куќа. Тој, исто така, потврди дека разговарал со Владимир...

Свет1 ден

Заврши состанокот во Белата куќа, разговорите продолжуваат во нов формат

Состанокот во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери заврши, но разговорите продолжуваат,...

Свет1 ден

Трамп верува дека може да се договори мир додека траат борбите: „На целиот свет му е доста од оваа војна“

Претседателот на САД, Доналд Трамп беше прашан дали ги разбира „коренските причини“ за војната за време на состанокот со украинскиот...

Свет1 ден

Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина...