Општество
Половина од учениците не се чувствуваат безбедно во училиште
Речиси половина од учениците не се чувствуваат безбедно во училиште, населбите во кои не живеат, на патот до училиште, во автобус или автобуска станица, покажуваат резултатите од истражувањето објавени во вторник на тркалезна маса на тема „Насилство помеѓу учениците од средно училиште“.
Главниот истражувач на спроведеното истражување,Моника Божиновска, ги претстави наодите и анализата.
Четвртина од средношколците „турнале или удриле шлаканица“ на некого во изминатите 30 дена, додека 19,6 % од испитаните ученици имале „физичка пресметка“, а 7,7% „влечеле за коса, алишта или терале да прави нешто што другиот не сакал да направи“.
Истражувањето ја испитуваше и перцепцијата на средношколците за достапност до оружје, од каде за 44% од учениците сметаат дека набавувањето на пиштол е „многу лесно“ или „релативно лесно“, за 36,7% е „тешко“да се изведе, а само за 19,2% е „невозможно“. 4,1% од учениците во текот на годината со себе носеле „пиштол“, а 2,5% биле на училиште со „пиштол“. 6,8 % од учениците со себе носеле „друг вид на оружје од нож и пиштол“, а 4% изјавиле дека носеле „друг вид на оружје“ во училиште.
Според резултатите утврдено е дека не постои статистички значајна разлика во степенот на манифестирано насилно однесување помеѓу учениците кои живеат во етнички хетерогена или хомогена средина, но постои разлика во перцепцијата за достапноста на оружје помеѓу средношколците во овие средини.
Елена Ивановска, раководител на Сектор за основно и средно образование укажа на мерките кои се преземени од страна на Министерство за образование и наука за да се превенира насилството. Според МОН, пред се вработени се стручни соработници во училишта, а се работи и на зајакнување на службите и вработување на дефектолози. Со измените на Законот за основно и средно образование, предвидени се советувања на ученици и родители, со што се зајакнува семејната компонента. Дополнително се работи на едукација на учениците, особено во запознавање со типовите на кривични дела но и однесувањата кои можат да доведат до насилство.
Миле Гиновски, претседател на Државниот совет за превенција на малолетничко престапништво ги поздрави квантитативните анализи, кои досега биле од помош при креирање на стратегии за справување со насилство, но посочи дека има потреба од квалитативни информации за подобро да го разбереме проблемот. Гиновски, исто така посочи дека е потребно вклучување на учениците во процесот на донесување на политики за справување со насилство, за да можеме да разбереме зошто истото се случува.
Ива Михајловска од канцеларијата на Народниот правобранител, нагласи дека потребно е зајакнување на психолошко-педагошки служби, односно повторно стекнување со едукативениот и морален авторитетот и статусот кое службите го имале во минатото. Таа посочи дека соработката меѓу институциите дава резултати, и треба да се активираат повеќе засегнати страни, како на пример локалната самоуправа, во чиј состав функционираат локални совети за превенција на малолетничко насилство.
Ана Поп Ризова, психолог во средното училиште Орце Николов, зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат психолошко- педагошки служби. Дел од причините за неефикасноста на службите, Поп Ризова ги лоцира во преоптоварувањето со активности од административен карактер, недоволна финансиска стимулација и непропорционалност на големината на службата со бројот на ученици кои таа треба да ги опслужува. Таа посочи дека формите на насилство се менуваат, и потребно е нивно вклучување во правилниците или законската регулатива за да може соодветно да се одговори.
Шаип Зенели, Директор на средно училиште “Цветан Димов“, се осврна на факторите кои придонесуваат за појава на насилство кај учениците. Тој посочи дека најчесто учениците не го иницираат сами, туку дека насилството е предизвикано некаде или од некого. Една од главните причини за манифестација на насилство е постоењето на стереотипи и предрасуди, за што домашното опкружување е клучен фактор. Особено важно е да се спречи злоупотребата на учениците пред и за време на изборните процеси .
По говорите на панелистите и гостите, присутните дискутираа за ефикасноста на постоечките мерки, важни области на делување како и потребата од третирање на специфични прашања како: мотиви за манифестирање на насилно однесување, спроведување на програмата за интегрирано образование, како и начини справување со говор на омраза. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства
Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.
Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.
Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.
Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.
Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.