Црна хроника
Во судирот со мигрантите повредени 18 полицајци, двајца потешко

Вкупно 18 полициски службеници биле повредени во саботата на јужната граница во судирот кој го иницираа мигрантити со фрлање на камења кон полицискиот кордон.
Според официјалните податоци, двајца полицајци се здобиле со потешки телесни повреди во пределот на главата и еден од нив со потрес на мозок.
Сите повредени полицајци се хоспитализирани во медицинскиот центар во Гевгелија, Во инцидентот биле демолирани и неколку полициски и армиски возила и штитови.
Состојбата во моментов е нормализирана, соопшти МВР.
Инцидентот започна околу 13.30 часот на граничната линија кај кота 59, од страна на мигрантите кои се наоѓале на грчка страна на граничната линија Грција – Македонија.
Мигрантите почнале да фрлаат со камења кон полициските службеници со цел пробивање на полицискиот кордон и влез на македонска страна.
Причина за ваквата реакција на мигрантите е тоа што македонската армија започна со поставување на метални столбови и подигнување на ограда. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.