Контакт

Свет

Медведев и Саркози на конференцијата во Копенхаген

Објавено пред

Неколку истакнати светски лидери меѓу кои претседателите на Франција и Русија, Никола Саркози и Димитри Медведев, ќе учествуваат во четврток на Конференцијата за климатски промени што се одржува во Копенхаген. Вчерашниот ден на Самитот помина во знак на смената на

dobivaj vesti na viber

Неколку истакнати светски лидери меѓу кои претседателите на Франција и Русија, Никола Саркози и  Димитри Медведев, ќе учествуваат во четврток на Конференцијата за климатски промени што се одржува во Копенхаген.Вчерашниот ден на Самитот помина во знак на смената на досегашната претседателка на Конференцијата Кони Хедегард, која медиумите ја протолкуваа како процедурална оставка. Хедегард беше заменета од премиерот на Данска, Ларс Лоеке Расмунсен кој ја презеде претседателската фотелја на самитот за климатски промени.Министерката во вторник порача дека постои шанса преговорите за климатските промени да завршат безуспешно.Конференцијата поминува со демонстрации организирани од активисти на еколошките здруженија.Досега полицијата од почетокот на Конференцијата приведе повеќе од 1.600 демонстранти, од кои 260 беа уапсени во средата./крај/вм



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Медведев: Русија нема да дозволи историјата да се прекројува

Објавено пред

Заменик-претседателот на Советот за безбедност и лидер на партијата Единствена Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека Русија нема да дозволи обиди за препишување на историјата од Втората светска војна и изедначување на агресорите со ослободителите.

dobivaj vesti na viber

„Благодарение на нашите херои јасно гледаме како историјата ги казнува оние што не ги научиле лекциите, оние што се обидуваат да ги ревидираат резултатите од Втората светска војна. Нема да дозволиме историјата да се прекројува“, рече Медведев за време на отворањето на меѓународната патриотска кампања „Диктатот на победата“, објави „РИА новости“.

Зборувајќи за современиот контекст, Медведев истакна дека денес Русија повторно се соочува со нацизмот, но под нов плашт.

„Нашата земја е повторно на фронтовската линија против истиот нацизам. Војниците и офицерите на специјалната воена операција, како и сите што работат во заднина и му помагаат на фронтот, ја продолжуваат работата на своите големи претходници“, рече тој.

Кампањата „Диктатот на победата“ се одржува на повеќе од 35.000 локации во Русија и во повеќе од 90 земји од целиот свет.

Учесниците, меѓу кои ученици, студенти, членови на јавни организации и други граѓани, имаат 45 минути да одговорат на прашања за големата патриотска војна и тековните воени настани, пренесува „Танјуг“.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Еколошка катастрофа – нафта истече во Јадранското Море

Објавено пред

Од

Големи количини гориво истекоа во Јадранското Море на островот Хвар во Хрватска. Неофицијално, инцидентот се случил кога пукнал резервоар на танк на бензинската пумпа ИНА, објави „Далмација данас“.

dobivaj vesti na viber

Полицијата е на терен и се истражува како се случил инцидентот.

„Утрово, околу 9.30 часот, е примена информација дека во градот Хвар, заливот Крижна Лука, имало загадување со нафта во морето. Припадници на Полициската станица Хвар и Поморската полициска станица, пожарникари, Хрватската крајбрежна стража и припадници на Капетанијата на пристаништата се на местото на настанот. Покрај спроведувањето на постапката за санирање на штетите, ќе се спроведе и постапка за утврдување на сите факти и околности на настанот“, соопшти сплитската полиција.

Прикажи повеќе...

Свет

Орбан: Пристапувањето на Украина во ЕУ може да ја уништи унгарската економија и да донесе војна

Објавено пред

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Унгарија не може да го поддржи пристапувањето на Украина во Европската Унија бидејќи, како што изјави, „достигнувањата што се постигнати досега мора да бидат заштитени“.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за јавното радио Орбан објасни дека проширувањето на Европската Унија во минатото било корисно за постојните членки, како што е Унгарија, но дека приемот на Украина во блокот би бил штетен за Унгарија, објави МТИ.

„Зошто да губиме кога би можеле да имаме корист или барем да го заштитиме она што сме го постигнале“, праша Орбан.

Тој изјави дека слободниот проток на украинска работна сила може да го загрози целосното вработување во Унгарија, што го смета за најголемо достигнување во последните 15 години.

Тој исто така истакна дека членството на Украина во Европската Унија би можело целосно да ги промени финансиските основи на европското земјоделство, што би ги оставило унгарските земјоделци без средства и би ги ставило стотици илјади семејства во многу тешка положба.

Орбан предупреди дека ако Украина стане членка на Европската Унија, во Унијата ќе влезе војната.

„Доколку го одобриме пристапувањето на Украина, во Европската Унија, која беше создадена како сојуз за мир, ќе има војна“, рече Орбан повикувајќи членството на Украина да биде отфрлено.

Тој додаде дека брзото членство на Украина може да ја уништи унгарската економија и дека неговата земја може да банкротира.

Орбан потсети дека граѓаните на Унгарија имаат право да одлучат за датумот на пристапување на Украина, но дека е многу тешко да се поддржи тој процес.

Тој ја критикува и одлуката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која објави дека Украина мора да биде примена во Европската Унија до 2030 година нагласувајќи дека, според него, „процесот не може да се запре кога ќе стигне до последната фаза“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 минути

Девет лица завршија во притвор поради злоупотреби со инвалидските пензии и туѓа нега

На деветмина осомничени од уапсените 23 во акцијата за туѓата нега, судот им одреди мерка притвор од 30 дена. Едно...

Македонија3 часа

Судот го одобри обвинението за возачот што ја прегази Фросина

Судот го одобри обвинението за возачот Васил Јованов, која ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на булеварот Партизански одреди....

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тошковски не скри нешто, не рече дека законот не важи за татко му

Апасиев е фрустриран од работата на Тошковски бидејќи законот важи за сите. Левицата да одговори како, освен сутерен во строгиот...

Македонија4 часа

ДУИ до Мицкоски: Ако целта е уривање на Охридскиот договор, која е алтернативата

Премиерот Мицкоски, со своето однесување, изјави и постапки, постапува на начин кој ги поткопува стандардите и одговорноста што се очекуваат...

Свет5 часа

Рубио: Ова не е наша војна, ние не ја почнавме

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека „сите треба да му се заблагодарат“ на американскиот претседател Доналд Трамп за мировните...

Македонија5 часа

Левицата: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

Додека се обидува да изгради слика дека го руши корумпираниот систем, фактите кои се обзнануваат во јавност укажуваат како и...

Свет5 часа

Лавров: Спремни сме да се договориме со САД за Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Кремљ е подготвен да постигне договор со САД за Украина, но...

Свет7 часа

Руте: Русија е долгорочна закана за алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека членовите се согласуваат дека...

Спорт14 часа

(Видео) Ѓоковиќ ги загуби нервите: Да ти е..м тенисот

Новак Ѓоковиќ целосно ги загуби нервите на официјалниот тренинг во Мадрид. Додека во главниот град на Шпанија се одржуваа натпреварите...

Македонија17 часа

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“: меѓу нив и претседателката на Антикорупциска

Во рамките на постапката што се води за предметот Адитив, како резултат на екстрахираните електронски докази обезбедени во досегашната постапка,...

Македонија18 часа

Образ ѓон, се уште седат и земаат илјадници евра плата: Мицкоски за членовите на Судскиот совет

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна...

Македонија23 часа

Измами во давањето туѓа нега и инвалидски пензии, под истрага 49 лица, вмешани и лекари

Сузбиени две криминални групи, кои вршеле злоупотреби на постапката за стекнување право за туѓа нега и право на инвалидски пензии,...

Македонија24 часа

Битола, Струга, Чаир се меѓу општините кои не аплицирале за проекти, рокот истекува за помалку од една недела

Седумнаесет општини воопшто не аплицирале за инфраструктурни општински проекти, за што Владата доделува средства од унгарскиот кредит. Во оваа група...

Македонија1 ден

(Видео) Трајчулески до Мицкоски: Дали се разводнува истрагата за Кочани за да се заштитат актуелни функционери?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, кое...

Македонија1 ден

Таравари го поддржа апсењето лекари: Директорот на Геријатрија првин го разрешив, а потоа го исклучив од партијата, сите што грешат нека одговараат

Сите што грешеле, вклучително и лекарите, треба да одговараат, смета министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашната полициска акција, која...

Македонија1 ден

Речиси третина од фирмите, чии лиценци ќе се одземаат, имаат блокирана сметка или се неактивни, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за фирмите кои се на списокот што го објави Министерството за транспорт и...

Македонија1 ден

Владата ја прави премиерот, ако тој смета дека Алијансата за Албанците не му треба, ние немаме никаков проблем, вели Таравари

Министерот за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, не сака да избрзува со носење какви било политички...

Македонија1 ден

Еден загинат по удар на гром во Прилепско

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена пријава...

Македонија1 ден

ДУИ: Она што порано доаѓаше однадвор, денес се спроведува однатре со Албанци што молчат или соработуваат на штета на колективните права на сопствениот народ

„Претставниците на коалицијата ЛЕН, кои со само 9 пратеници (1.3% ) тврдат дека ги претставуваат над 29% од Албанците во...

Свет1 ден

(Видео) Трамп до американски ветеран без нозе: Значи, те погодија, прекрасно

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Овалната соба се сретна со група ранети американски ветерани, каде потпиша голем број нови...