Македонија
Протестен марш под мотото “Стоп на грчкиот фашизам“
Кординативното тело на невладини организации МАНАПО, вечерва ќе одржи протестен марш под мотото “Стоп на грчкиот фашизам“, што ќе почне од Трговскиот центар Скопјанка до Грчкиот конзулат во Скопје.
Кординативното тело на невладини организации МАНАПО, вечерва ќе одржи протестен марш под мотото “Стоп на грчкиот фашизам“, што ќе почне од Трговскиот центар Скопјанка до Грчкиот конзулат во Скопје.Маршот се организира поради скандирањата на припадниците на грчката армија на прославата на денот на независноста.Претставниците на МАНАПО планираат до грчкиот конзулат да предадат барање со кое што ќе побараат извинување до македонскиот, турскиот и албанскиот народ од страна на грчката армија, потоа прекинување на притисоците за промена на името на Република Македонија, признавање и почитување на правата на националните малцинства во Грција и враќање на имотите на протераните од граѓанската војна.“Во нашето координативно тело засега членуваат шест организации, а очекуваме нивниот број до крајот на месецот да се зголеми на 20, што ќе ја претставуваат цела етничка Македонија, изјави Владо Чолак, претседател на Здружението “Македонска зора“ и член на координативното тело на МАНАПО.Тие очекуваат масовен одзив на вечерашниот марш, а информираа и дека се преземени сите мерки за мирно одвивање на маршот./крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

