Свет
Олбрајт: Уживам во апсењето на Младиќ

Медлин Олбрајт, поранешната американска државна секретарка го поздрави апсењето на Ратко Младиќ и истакнала дека „посебно ужива“ во сознанието дека тој сега се наоѓа зад решетки во Шевенинген.
Медлин Олбрајт, поранешната американска државна секретарка го поздрави апсењето на Ратко Младиќ и истакнала дека „посебно ужива“ во сознанието дека тој сега се наоѓа зад решетки во Шевенинген.
„Тркалото на правдата се движи споро, но сепак се движи,“ изјави Олбрајт (74) за холандскиот весник „Фолкстрант“ при посетата на Хаг.
Медлин Олбрајт беше американски амбасадор при ОН во текот на војната во БиХ од 1992 год. до 1995 година. Од 1997 до 2001 година како државен секретар на САД имаше важна улога во креирањето на американската политика спрема повоената БиХ.
Во 2002 година сведочеше во Хаг против Билјана Плавшиќ, која подоцна беше осудена на 11 години затвор. крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Загина српски воен падобранец

Припадник на 63-та падобранска бригада, виш водник прва класа Милан Станковиќ, почина вечерва во Воената болница во Ниш од повредите здобиени при скок со падобран на воениот аеродром „Михајло Петровиќ“ во Ниш, соопшти Министерството за одбрана на Србија.
Во соопштението се наведува дека по приземјувањето, Станковиќ бил итно реанимиран и пренесен во болница, каде што, и покрај брзата реакција и напорите на лекарите, им подлегнал на повредите околу 19 часот.
Надлежните органи пристигнаа на местото на настанот. Истрагата е во тек. Началникот на Генералштабот на српските вооружени сили нареди формирање комисија за утврдување на околностите на вонредниот настан.
Српски Телеграф пишува дека Станковиќ е роден на 25 декември 1983 година и дека е во српската армија од 2005 година. Зад себе остави сопруга и две деца. Министерот за одбрана Братислав Гашиќ и началникот на Генералштабот на српската армија, генерал Милан Мојсиловиќ, испратија телеграми со сочувство до семејството на починатиот Станковиќ.
Европа
Човек на Трамп: Предлогот на Путин е апсурден

Кит Келог, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за тридневен прекин на огнот. Келог истакна дека Вашингтон бара долгорочно примирје.
Коментирајќи го напредокот на мировните преговори во последните денови, тој изрази верување дека САД „се во прилично добра позиција кога станува збор за Украинците“. „А тридневно примирје е апсурдно“, нагласи тој, осврнувајќи се на предложеното примирје од 8 до 10 мај.
Тој додаде дека Трамп се залага за сеопфатен прекин на огнот „на море, во воздух и на копно“ што ќе трае најмалку 30 дена. „И потоа можеме да го продолжиме“, изјави тој.
„Кога ќе погледнете на сè околу што Украинците се подготвени да соработуваат, сега е до Русите, до Путин. Имаме една страна, ни треба друга страна. И мислам дека сме блиску“, продолжи тој.
Путин најави уште едно примирје кое ќе започне на полноќ на 8 мај и ќе трае до полноќ на 11 мај. Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека тридневното примирје објавено од Кремљ не е доволно, туку дека е потребен праведен и траен мир.
Британската одбранбена разузнавачка агенција верува дека тридневниот прекин на огнот што го објави Путин на Денот на победата има за цел да ја прикаже Русија како отворена за преговори и да ги ограничи украинските напади со долг дострел.
Свет
Израелски министер: Војната нема да заврши сè додека стотици илјади луѓе не ја напуштат Газа

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, изјави денес дека Израел нема да ја заврши војната во Појасот Газа сè додека стотици илјади Палестинци не ја напуштат енклавата.
„Ќе ја завршиме оваа кампања кога Сирија ќе биде уништена, Хезболах ќе биде тешко поразен, Иран ќе биде лишен од својата нуклеарна закана, Газа ќе биде исчистена од Хамас и кога стотици илјади жители на Газа ќе избегаат во други земји, нашите заложници ќе бидат вратени, некои во своите домови, а некои во гробовите на Израел“, рече Смотрич за време на говорот во населбата Ели во централниот Западен Брег.
Тој изјави дека ова не се само цели на владата, туку и консензус на израелскиот народ и војниците. Смотрич апелираше до премиерот Бенјамин Нетанјаху да „направи сè за да ја зајакне безбедноста на Израел“ и го предупреди да не „ја пропушта оваа можност“.
Израелската војска го обнови нападот врз Газа на 18 март, прекршувајќи го договорот за прекин на огнот и размена на затвореници со палестинската милитантна група Хамас од 19 јануари.
Над 52.300 луѓе, претежно жени и деца, се убиени во Газа во израелската офанзива од октомври 2023 година, која започна по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, во кој беа убиени 1.300 луѓе.