Контакт

Вести

За египетските власти сé укажува дека рускиот авион се урнал поради технички проблем

Објавено пред

Сите индикации укажуваат дека рускиот патнички авион со 224 патници и членови на екипажот кој се урна во саботата утрото на Синајскиот полуостров имал технички проблеми, соопшти во вторникот во изјавата за телевизијата Al-Hayat, портпаролот на египетската влада Хусма ал-Кувејиш.

dobivaj vesti na viber

„Податоците од сателити на САД и на Русија кои се наоѓале над областа ја исклучија можноста трагедијата да е резултат на терористички чин. Сé укажува на тоа дека авионот се урнал поради технички проблем“, рече ал-Кувејиш.Извори од рускиот Центар за судска медицина, пак, за агенцијата ТАСС изјавиле дека руските и египетските експерти во рамките на првичните истраги врз телата на жертвите не откриле присуство на експлозивни супстанции.„На телата на загинатите во времето на прелиминарните испитување, не се откриени траги од минско-експлозивни дејствија“, прецизирал неименуваниот соговорник за агенцијата. Истовремено и член на египетската истражна комисија рекол дека „на телата на загинатите не се откриени траги од надворешно влијание“, односно рани од надворешни предмети.Авионот од типот „Airbus А321“ на компанијата „Когалимавиа“ на летот 9268 од египетското летувалиште Шарм-ел-Шејк до Санкт Петербург се урна во саботата утрото околу половина час по полетувањето во северниот дел на Синајскиот полуостров, стотина километри од градот ал-Ариша. Во авионот имаше 217 патници, од кои 25 деца, и седум членови на екипажот, од кои тројца државјани на Украина, еден на Белорусија и сите други на Русија, што е најголемата несреќа во историјата на руската и советската цивилна авијација./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ19 минути

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет36 минути

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија37 минути

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија1 час

Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија1 час

Бојан Јовановски: Повикан сум на информативен разговор во полиција, ова е директен притисок и обид за цензура

Бојан Јовановски – Боки 13 соопшти дека денеска во 10 часот е повикан на информативен разговор во П.С Кисела вода...

Македонија2 часа

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија12 часа

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија15 часа

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ16 часа

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ17 часа

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет17 часа

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет23 часа

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија23 часа

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија24 часа

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија24 часа

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија1 ден

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет1 ден

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет1 ден

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...

Свет1 ден

Во Мексико пронајдени телата на исчезнатите туристи, биле најдени на дното во бунар

Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви...

Свет1 ден

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви...