Македонија
„Форум“: ДУИ излегува од Влада

Постои голема веројатност Демократската унија за интеграција (ДУИ) да ја напушти владејачката коалиција уште до крајот на летото, пишува неделникот „Форум“.
Постои голема веројатност Демократската унија за интеграција (ДУИ) да ја напушти владејачката коалиција уште до крајот на летото, пишува неделникот „Форум“.
Повикувајќи се на дипломатски извори весникот пишува дека ДУИ ќе излезе од Владата, а како главни аргументи ќе ги посочи закочените евроинтеграции, влошените меѓуетнички односи и лошата економска состојба.
Истите извори за „Форум“ тврдат дека одлуката за излегување на албанскиот партнер од Владата веќе била донесена, но дека ДУИ чека зелено светло од меѓународните претставници.
Во исто време, високи извори од партијата тврдат дека ако премиерот Груевски не ја смени политиката во врска со спорот за името, ДУИ дефинитивно ќе ја напуштела Владата.
„Пред еден месец лидерот Али Ахмети донесе конечна одлука ДУИ да ја напушти владејачката коалиција. Но, тогаш во седиштето на партијата во Мала Речица дојде амбасадорот Рикер и рече: Застанете, не брзајте! Значи таа одлука е донесена уште поодамна. Како сега стојат работите, многу веројатно е дека наскоро ќе ја напуштиме коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ“, велат за „Форум“ извори од ДУИ.
Доколку се реализираат ваквите информации и доколку ДУИ ја напушти власта, тогаш речиси е сигурно дека државата наесен ја очекуваат предвремени избори.
За сега власта ги отфрла сите тврдења дека есенва ќе има вонредни избори. /крај/мд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека Скопје мора да се гради со дела, а не со празни зборови.
„Вечерва не сум тука само како кандидатка за градоначалничка на Скопје. Тука сум, пред сè, како човек што верува во овој град и во луѓето што го прават Бутел дом,“ изјави Шукова.
Таа се осврна на реалните проблеми со кои се соочува општината запуштеното корито на Серава, недоволната инфраструктура, недостигот на јавен превоз и дотраената водоводна мрежа и истакна дека решенијата веќе се подготвени.
„Серава ќе стане место на кое ќе се гордееме уредено корито, пешачки и велосипедски патеки, зелена зона за сите. Новите паркови и 10.000 засадени дрвја ќе го вратат сјајот што Скопје го имаше пред децении,“ нагласи таа.
Посебен акцент стави и на водоснабдувањето и инфраструктурата:
„Денес, 60 проценти од питката вода се губи во системот. Време е за модернизација и стабилно снабдување со вода за секој дом. Новите мостови, клучки и булевари ќе го поврзат Бутел со целиот град и ќе овозможат безбедно и побрзо движење,“ рече Шукова.
Таа потсети дека во изминатите години градот беше заложник на неработење и популизам:
„Четири години ВМРО-ДПМНЕ ги запоставуваше општините. Време е за резултати, а не за слики и празни зборови. Половина од нашите проекти може веднаш да се реализираат,“ додаде таа.
Во својот говор, Шукова повика на единство и одговорност:
„Бутел не смее да биде изолиран. Бутел е почетна точка на модерното Скопје место каде што се инвестира, се гради и се слуша секој граѓанин.“
Македонија
Претежно облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 l/m²дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Потоа следува претежно стабилно време со потпросечни температури за овој период од годината.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.