Вести
Иран спречил терористички напади од Исламската држава
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/download-22.jpg)
Иран спречил неколку планирани напади на симпатизери на екстремната сунитскат групација Исламска држава којашто шиитите кои се мнозинство во оваа земја ги смета за неверници, пренесува новинската агенција ISNA цитирајќи го челникот на националниот Совет за безбедност.
Полицијата уапсила група терористи кои планирале да изведат неколку самоубиствени напади во иранската престолнина Техеран, изјавил за ISNA Али Шамкани. Според извештајот, сите уапсени мажи биле симпатизери на Исламската дражав
„Една од најголемите терористички операции во државата е прекината“, изјавила иранската тајна служба во изјавила во соопштение кое го објави ISNA.
Сите напади ги испланирала терористичка група која ја поддржува Исламската држава, се додава. „И покрај тоа, агентите на тајните служби успеаја да го неутрализираа овој ѓаволски чин на време“, стои о соопштението.
Ниту во изјавата на Шамкани, ниту во соопштението на тајната служба не се наведуваат прецизни податоци за местото и времето кога биле извршени споменатите апсења, но се признава дека информациите за апсењата не се веднаш достапни за јавноста.
Шиитски Иран се смета за еден од најголемите непријатели на сунитската џихадистичка организација Исламска држава, а ирански доброволци и воени советници во последните две години водат операции против неа во Ирак и во Сирија.
Минатиот понеделник во северозападниот дел од Иран, иранските погранични сили во заседа убиле пет терористи, соопшти Исламската револуција гарда (IRGC).
Убиените биле припадници на PJAK, фракција на Работничката партија на Курдистан (PKK), објави Револуционерната гарда додавајќи дека .„петчлената банда“ била неутрализирана во близина на иранскиот град Сардашт.
Операцијата била изведена по добиени „прецизни разузнавачки информации и идентификација“, што резултирало со заплена на големо количество оружје, муниција и документи, се наведува во соопштението во иранските медиуми.
„Убиените терористи стојат зад убиството на двајца членови на локалната заедница Басиџ во пограничниот град Сардашт ланскиот април“, се додавач.
Припадниците на PJAK повремено извршуваат нанасочени удари врз ирански цели, по што се повлекуваат во своите засолништа во Ирак и во Турција./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.