Македонија
Тодоров: Нема опасност од заразни болести по поплавите во Скопје и регионот
Во Македонија нема опасност од заразни болести по поплавите што ги зафатија Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска, како и по вчерашните поплави во Скопје, изјави министерот за здравство, Никола Тодоров, во понеделник по состанокот на Комисијата за заразни болести на кој што биле разгледани можните појави на заразни заболувања како резултат на поплавите кои се случија во нашето соседство и по вчерашното невреме во Скопје.
На состанокот на Комисијата биле усвоени повеќе мерки и биле издадени препораки во насока на превенција од појава и ширење на заразни болести од поплавените подрачја.
„Дадени се повеќе препораки од страна на Комисијата. Најпрво е преземена мерката за доделување на дезинфекциони средства во количина од 3.5 тони во сите јавни здравствени установи во државата, но и на установите кои како резултат на вчерашното невреме беа поплавени, а тоа се три градинки и Детската клиника во Скопје. Исто така, дадени се и други препораки како што се препораки за подобра хигиенска контрола на граничните премини и на сите бензински станици долж коридорите”, изјави Тодоров.
Исто така, додаде, се врши и прочистување на вакциналните картони на вработените во комуналните претпријатија за да се види дали се вакцинирани или не особено за тифус.
Д-р Јованка Костовска, раководител на секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство, рече дека нема зголемени пријави за заразни болести и дека се донесени и препораки за патниците од Македонија во поплавените подрачја во регионот.
„Донесовме и препорака за патници кои што патуваат во поплавените подрачја од Македонија, дали приватно или спасувачи. Препорака за сите е да внимаваат на личната хигиена, често миење на раце, да консумираат безбедна вода и храна, термички обработена храна, добро миење со чиста вода на овошјето и зеленчукот, избегнување на контакти со укинати животни, а при појава на симптоми на болест посебно повраќање, пролив, болки во стомакот, температура и други симптоми веднаш да се јават на лекар”, порача Косовска и додаде дека овие општи препораки за хигиена важат за целото население на Македонија.
Поради можната појава на вектор преносливи болести како западно нилска треска и други болести кои се пренесуваат преку комарци или крлежи, додаде, Комисијата побара зголемен надзор и поголема активност на единиците на локална самоуправа за преземање мерки за дезинсекција, дезинфекција и дератизација, а инспекција ќе врши контроли дали се спроведуваат мерките.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателката упати порака за мир, а Дедо Мраз со хеликоптер стигна пред дечињата на припадниците на АРМ
Со видеоконференциска врска која ги премости километрите меѓу татковината и меѓународните мисии, денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, традиционално беше одбележан претстојниот почеток на новата година. Додека децата на македонските мировници во странство ги примаа своите новогодишни пакетчиња, државниот и воениот врв упати пораки на благодарност до припадниците на Армијата во Косово, Босна, Либан, Латвија, Романија, Бугарија и Германија.
Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, им посака успешна работа на мировниците во странство.
– Се чини дека никогаш на светот, мирот не му бил потребен повеќе, а вредноста на нашите мировници и македонската Aрмија никогаш не била повидлива. Ви посакувам успешно да продолжите гордо да ја претставувате Армијата, затоа што имате што да претставите, рече таа.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски додаде дека ова средба има особена тежина и значење бидејќи, како што рече, „нѐ обединува како семејство“.
– Како денеска сме физички оддалечени, оваа средба има особена тежина и значење бидејќи нѐ обединува како семејство. Ви благодарам за вашата служба во името на мирот, безбедноста и сигурноста на секој еден од нас, нагласи министерот.
Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски е уверен дека секој од мировниците ја извршува задачата крајно професионално и се заблагодари на поддршката од претседателката Сиљаноска-Давкова и Министерството за одбрана.
– Уверен сум дека ја извршувате вашата задача крајно професионално и стојам зад секој од вас. Со вашата енергија давате посебна суштина. Знам дека некои од континентите веќе се подготвуваат да се вратат и верувам дека на самиот праг на старата година ќе имаат можност да се спојат со нивните најблиски, порача тој.
Контингентите од мисиите, исто така, во добро здравје упатија честитки и пораки за новата година.

Традиционално, и оваа година, дечињата го пречекаа Дедо Мраз со хеликоптер, на тренинг центарот за пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Македонија
(Фото) Добрина на дело: Чудната санка на Дедо Мраз дели пакетчиња во Скопје
Андреј Миневски и неговите соработници деновиве ги израдуваа дечињата од училиштето ОУРЦ „Иднина“, лицата од ЦПЛИП „Порака“ како и дечињата кои ги сретнаа попатно по скопските улици од социјално ранливи групи.
Следно, в понеделник ќе ги посетат и дечињата од ОУРЦ „Златан Сремец“.

Денеска , 27 декември, чудната санка и бучните ирваси ќе може да ги сретнете на следните локации: Плоштад Автокоманда од 17 и 10 до 18 часот, Зоолошка градина Скопје од 18 и 10 до 19 часот и Скопје Сити мол, пред источен влез, од 19 и 10 до 20 часот.
Оваа благородна хуманитарна акција е идеја на Андреј, кој реши да контактира приватни компании, да собере средства и да направи пакетчиња со кои ќе ги израдува дечињата.


„Секое детенце кое тимот ќе го сретне низ улиците на нашиот убав град Скопје, ќе проба да го израдува барем за момент. Чудната санка на Дедо Мраз полна со пакетчиња е тука за секо детенце да го потсети дека секоја желба еден ден може да биде остварена и дека празниците се за сите“, вели Андреј.
Инаку, низ градот Дедо Мраз може да го забележите со новогодишно украсено комбе, внатре полно со пактчиња.

„Дедо Мраз и следната година ќе продолжи да работи со општествено одговорни компании. Се надевам дека семејството на соработници ќе се зголеми и дека на тој начин со вредните џуџиња ќе успееме да обезбедиме бесплатно пакетче за секое дете. За следната година ги повикувам да се приклучат и други фирми и компании, па целата иницијатива да прерасне во традиција која носи среќа и насмевка на лицето кај секое детенце. Секој придонес, голем или мал, може да направи значајна разлика. Добрината е дел и од работата, оваа година десетина приватни компании донираа средства за пектчињата“, вели Андреј.
Македонија
Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони
Грчките земјоделци го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сообраќај на сите возила до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време, а за попладне планирана е втора четиричасовна блокада од 18 часот по локално време.
По пауза од четири дена и отворени автопатишта и гранични премини за време на Божиќ, земјоделците од денеска одново ги вратија блокадите на низа локации во цела Грција.

