Економија
Еврото продолжува со залетот кон доларот и јенот
Еврото во петокот на меѓународните валутни пазари продолжи да јакне, додека јенот под притисокот на јапонските извозници забележува повеќемесечни рекордно ниски нивоа во однос на доларот и еврото.
Еврото во петокот на меѓународните валутни пазари продолжи да јакне, додека јенот под притисокот на јапонските извозници забележува повеќемесечни рекордно ниски нивоа во однос на доларот и еврото. Еврото зајакна за 0,2 отсто во однос на американскиот долар и со него се тргуваше во петокот по 1.3399 долари, што е незначително под највисокото ниво од 1.3405 долари. Единствената европска валута дури беше во плус од еден процент во однос на јапонскиот јен, достигнувајќи го новото највисоко ниво во последните три ипол месеци до 107.98 јени, со што за десетина јени е оддалечен од најниското ниво во оваа година од 97,94 јени, на коишто се спушти во средината на јануари. Во таквата атмосфера, доларот го достигна највисокото ниво во текот на денот од 80,71 јен, што воедно е негово највисоко ниво од јули 2011 година. Подоцна со него се тргуваше за 80,56 јени, штоп значи дека доларот остварил дневна добивка од 0,8 отсто во однос на јапонската валута. Доларот, пак, се спушти близу да најниско нив во три ипол месеци во однос на швајцарскиот франк и со него се тргуваше по 89,.90 центи. Франкот стана по попривлечен за инвеститорите поради статусот на безбедносно засолништво откако притисоците врз јенот во последно време зајакнаа поради попуштањето ан монетарната политика. Еврото продолжи со залетот во однос на доларот, започнат претходниот ден по објавувањето на податоците за дополнителното подобрување на деловната доверба во Германија. Отпорноста на еврото, аналитичарите ја припишуваат на поголемата наклонетост на инвеститорите кон поризичните вложувања пред одржувањето на втората аукција на евтините тригодишни кредити од Европската централна банка (ECB), којашто ќе се одржи идната седмица. Се очекува на неа банките да земат кредити од околу 500 милијарди евра. Иако дополнителната ликвидност најверојатно поттикнувачки ќе делува врз еврото во кусорочна перспектива, во иднина тоа би можело да предизвика проблеми, сметаат еконосмките стручњаци. „Големата ликвидност инјектирана во пазарите краткотрајно носи благо олеснување, бидејќи доволната ликвидност секогаш им од на рака на акциите. Но дефинитивно во иднина ќе се соочиме со инфлаторните притисоци“, вели за Reuters Луц Карповиц, валутен аналитичар во германската „Commerzbank“. /крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Николоски: Се работи на нов просторен план на Македонија, стратешки документ за развој на државата
Изработката на новиот просторен план на Македонија треба да ги даде насоките за просторниот развој на државата со што ќе се овозможат бенефити за целокупното општество. Планот кој го изработува Агенцијата за просторно планирање, а во соработка со надлежни институции треба да понуди нов инфраструктурен концепт за развојот на Македонија, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на настанот по повод 20 години постоење на Агенцијата за просторно планирање.
Како што потенцира тој, Агенцијата има централна улога во обликување на идниот развој на државата.
„Би сакал да ја потенцирам важноста на новиот просторен план од следните причини: Македонија како природна крстосница меѓу Југоисточна и Централна Европа, има геостратешка важност која произлегува од положбата на коридорите Исток–Запад и Север–Југ, односноа Коридорите 8, 10 и 10 – д. Понатаму близината на јужните пристаништа и улогата како транзитна земја за транспорт, енергија и трговијата. Гледаме во овие глобални предизвици колку е важно Македонија енергетски да се поврзува и во таа насока изградбата на интерконекторот кој не поврзува со Грција како и планираниот интерконектор со Србија, ќе значи дека Македонија ќе стане и енергетска раскрсница. А во меѓувреме интензивно се работи и на далноводно поврзување и со Албанија преку далноводот Охрид-Елбасан. Тука се автопатите, железничките поврзувања, логистичките центри, мултимодуларните јазли особено јазолот со вкрстувањето на коридор 10 со коридор 8, подобрување на меѓуграничната поврзанот и др. И затоа сметам дека треба да постои добра соработка со сите институции на изработка на тој документ кој ќе се почитува и со кој ќе се следи развојот на државата”, кажа Николоски.
Тој го потенцира институционалното партнерство со Министерството за транспорт во спроведување на стратешките политики на Владата, а најави дека министерството работи на изработка на софтвер за развој и управување со геопросторни податоци. Вицепремиерот упати честитки за јубилејот на Агенцијата.
Економија
Минт кредит – роденденска акција што носи подарок
Време е за нови можности и убави изненадувања, затоа што Минт Кредит слави роденден, а кога се слави роденден – подароците се задолжителни. Овој пат, Минт Кредит те изненадува со специјален роденденски Mint Store ваучер покрај брзата финансиска поддршка
Избери износ што ти одговара и добиј подарок::
• Кредит до 30.000 МКД – ваучер од 1.000 МКД
• Кредит до 60.000 МКД – ваучер од 2.000 МКД
• Кредит до 300.000 МКД – ваучер од 3.000 МКД
Брзо, едноставно и без компликации:
✔️ Минимум 12 рати рок на отплата
✔️ Онлајн апликација од каде било
✔️ Одобрување за само 10 минути
Искористи ја роденденската акција и добиј повеќе вредност со секоја апликација – финансиска поддршка плус Mint Store ваучер за шопинг.
Минт Кредит – Кога вредноста е двојна, изборот е јасен.
Аплицирај на Минт Кредит За повеќе информации јави се контактирај се на 15 107, или во една од нашите канцеларии.
*Подарокот важи за одобрени и исплатени кредити.
ПР
Економија
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
Д-р Фатих Шахбаз е назначен за нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје. По успешно спроведените законски и регулаторни процедури, Народната банка даде одобрение за назначување на новиот ГИД, кој банката ќе ја води во следниот период. Со оваа одлука Халкбанк продолжува со стратегиски ориентиран и стабилен развој под раководство на искусен професионалец, кој зад себе има повеќе од две децении богато искуство во банкарскиот сектор.
Д-р Шахбаз својата кариера ја градел во рамките на Türkiye Halk Bankası A.Ş., каде последователно извршувал различни значајни функции, од специјалист, внатрешен инспектор, директор и раководител на филијала, до менаџер на оддел и директор на група. На 1 декември 2022 година бил назначен за заменик генерален директор задолжен за Управување со човечки ресурси и Секторот за поддршка, а од 17 јули 2025 година ја извршувал функцијата заменик генерален директор задолжен за Управување со поддршка и Дигитална трансформација.

Неговото академско образование, богато професионално портфолио и долгогодишната експертиза како и искуството во менаџирање со клучни сегменти од банкарското работење, претставуваат силна основа во понатамошниот развој и водење на Халкбанк во Македонија.
Халкбанк АД Скопје е стабилна и високо позиционирана банка на македонскиот пазар, еден од најзначајните двигатели на економијата во државата и стабилен партнер на македонските компании и граѓани, со континуиран раст и силни финансиски показатели. Банката ја заврши 2024 година со актива од 1,852 милијарди евра, кредитно портфолио од 1,17 милијарди евра, депозитна база од 1,325 милијарди евра и нето добивка од над 30 милиони евра. Веќе во вториот квартал од 2025 година активата порасна на 1.922 милиони евра, што е раст за шест месеци од речиси 71 милион евра, депозитната база достигна 1.443 милиони евра, додека кредитирањето вкупно се зголеми за речиси 158 милиони евра, резултати кои ја потврдуваат довербата на клиентите, професионалноста на тимот и стабилната улога на Банката во економијата.
Со поставувањето на Д-р Фатих Шахбаз за Главен извршен директор, Банката продолжува со јасна визија, стратегиски развој и посветеност во унапредувањето на финансиските услуги, дигиталните решенија и поддршката на економскиот раст и развојот на македонскиот пазар.
ПР

