Свет
Умре индискиот гури Саи Баба
Индискиот гуру Саи Баба познат низ светот кого милиони луѓе го посетуваа сметајќи го за живо божество, починал во неделата во болница во Индија во 85-та година од животот
Гуруто, според индиските медиуми, починал откако последните три седмици бил во критична состојба. Недалеку од својот храм во селото Путапарта во јужната индиска држава Андра Прадеш, Саи Баба повеќе од три недели беше приклучен на апарати за дишење и дијализа во болница, додека лекарите се бореа за да го спречат откажувањето на неговите витални органи.„Саи Баба повеќе физички не е со нас, Престана да дише во 7,40 часот и почина по застој на кардиоваскуларниот систем“, стои во соопштението на болницата што го цитира AFP.Веднаш штом беше хоспитализиран, верниците пристигнаа во Путапарта и речиси го запоседнаа градот спиејќи по улиците бидејќи хотелските капацитети биле веќе исполнети. Во овите три седмици се затворени сите дуќани и канцеларии во градот, од почит кон Саи Баба.Се проценува дека во повеќе од 10 земеји Саи Баба има околу десет милиони негови следбеници. Тие веруваа дека Саи Баба е реинкарнација на Саи Баба од Ширди, кој почина во 1918 г.Се предвидуваше дека Саи Баба ќе живее 96 години па денешната веста за неговата смрт ги збуни неговите поклоници кои му припишуваа надприродни способности, меѓу кои и лечење на болните во терминална фаза и присетување на поранешните животи.Меѓу неговите следбеници има и многу познати личности, поранешни премиери и претседатели, деловни луѓе, како што се американската актерка Голди Хоун или индиската крикет ѕвезда Сачим Тендулкар.Една од најголемите донации на приврзаниците на Саи Баба им подари поранешниот сопственик на синџирот локали „Хард рок кафе“, Ајсак Бартон Тикрет. Саи Баба беше секогаш во јарка портокалова одежда и со афро фризура, тој избегна обид за убиство во 1993 г., кога четворица вооружени мажи со ножеви влегоа во неговата куќа и пред доаѓањето на полицијата убија двајца негови соработници.Саи Баба имаше свои следбеници во повеќе од 126 земји. За него се говореше дека „изведува чуда“, но во неколку наврати беше обвинуван и за сексуално злоставување и лажни „чуда“. Тој ги негираше ваквите обвинувања и никогаш против него не беше подигнато официјално обвинение, ниту беше осуден за било какво злосторство.Следбениците на Саи Баба се собраа по вестите за неговата смрт околу храмот во Путапарта. Телото на Саи Баба ќе биде донесено во тој храм, каде ќе остане до вторник. Се очекува на неговиот погреб да се соберат стотици илјади луѓе.Од пред неколку недели кога здравствената состојба на Саи Баба се влоши, околу храмот беше присутно силно полициско обезбедување кое постави барикади на патиштата за да го оневозможи сообраќајот во селото и да го контролираат бројот на луѓе околу храмот.Саи Баба е роден на 1926 во Путапарта и се викал Сатјанарајан Раџу. Себеси во 1940 се прогласи за „аватар“ (симнување на Бог на земјата) или реинкарнација на хиндуистичкиот светец Саи Баба од Ширдија – град во западната индиска држава Махарастра, кој почина во 1918 г. Саи Баба не се женел и немал деца,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

