Вести
Американскиот Претставнички дом гласаше против договорот со Иран

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во петокот не ја прифати резолуцијата со која се дава поддршка на нуклеарниот договор со Иран, медиумите оценуваат дека станува збор само за симболично гласање кои го протуркале републиканците кои се противат на договорот.
Во строго партиското гласање, членовите на Претставничкиот дом со 269 гласови „против“ и 162 „за“ ја отфрлија резолуцијата, со што републиканците го нагласија своето противење на договорот, и покрај фактот дека демократите на гласањето во четвртокот во Сенатот го блокираа обидот на републиканците договорот со Иран целосно да пропадне во Конгресот.
Во уште едно симболично гласање во петокот Претставничкиот дом со 147 наспроти 186 го потврди предлог законот кој ќе го спречи претседателот Барак Обама да ги намали или да ги укине санкциите според одредбите од нуклеарниот договор.
Мич Мекконел, челник на републиканското мнозинство во сенатот, веднаш по гласањето во четвртокот презема чекори за тоа прашање во Сенатот повторно да биде разгледано во надеж дека некои сенатори од редовите на демократите идниот пат поинаку ќе гласаат.
Конгресот на САД, според законот кој Обема го потпиша во мај годинава, има на располагање рок од 60 дена, кој истекува на 17-ти септември, да ја усвои одлуката со којашто го отфрла споменатиот договор склучен меѓу Иран и шесте светски сили, САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија.
Доколку таквата одлука биде усвоена и го преживее најавеното вето на Обама, таа на претседателот на САД ќе го оневозможи да укине многу од санкциите против Иран, што е клучен елемент од договорот за иранската нуклеарна програма.
Меѓутоа, нема сигнали дека некои од сенаторите ќе го променат мислењето, а Хари Рејд, лидер на демократите во Сентот, јасно одговори дека „со тоа прашање е завршено“.
Предлогот на републиканците е отфрлен и покрај интензивната кампања за отфрлање на договорот на којашто беа потрошени 40 милиони долари коишто во поголемиот дел ги обезбедија конзервативните произраелски лоби групи./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.