Македонија
Професионалните војници повикувани на информативни разговори, тврди синдикатот

Професионалните војници, особено што оние се синдикално ангажирани, се повикувани на информативни разговори поради нивните активности, тврдат од Независниот синдикат на професионални војници
Поради тоа, бараат да се надминат проблемите на професионалните војници, а не да се бараат посочувачите на проблемите.„Најжалното е што не се бара начинот како надминат овие недостатоци, туку се бара начинот како да се најдат луѓето кои што ги покажуваат недостатоците. За нас тоа е апсурд. Секогаш повторуваме дека е потребно да се решат проблемите на луѓето, а не да се бараат оние што се жалат на случувањата. Ова не претставува некакво непријателство спрема државата и армијата. Напротив, претставува покажување на проблемот ина луѓето и барање да им се надминат тие ситуации“, изјави Веле Крбалевски, претседателот на независниот синдикат на професионални војници на Република Македонија.Од синдикатот велат дека се оспорува нивниот легитимитет, иако тврдат дека ја имаат целокупната потребна документација. Тврдат дека е прекинато префрлањето на членарината на нивна сметка без да бидат известени, со што, според нив, директно се влијае на нивното ефикасно функционирање. Независните војници велат дека се соочуваат со проблеми договорите за работа, што според нив, не биле продолжувани и на припадници на армијата што се под 38 годишна возраст. Најавија дека деновиве ќе поднесат иницијатива со Собранието ќе поднесат иницијатива за згрижување на оние чии договори истекуваат. Според нивните бројки, се работи за околу 70 професионални војници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се користи специјална пена врз песокта за да се доизгасне чадењето во Трубарево

Од опожарениот простор во Трубарево моментално има слабо чадење само од неколку места кои веќе се затрупани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Како што истакна, врз песочната покривка се фрла специјална пена со цел целосно сопирање на чадењето и спречување на повторна појава на пожар.
Македонија
Чадењето од Дрисла значително намалено, останува да се догасне третина од површината

Чадењето од депонијата Дрисла е значително намалено, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Kaко што рече, изработен е дополнителен земјен пат со кој е отсечен ѕидот на депонијата од заезерената површина со отпадни води полни со запаливи гасови. Овој дел сè уште чадe, но во многу помал обем во споредба со првиот ден од пожарот.
Затрупувањето продолжува и утре, најавува Ангелов, а преостаната е помалку од третина од почетно опожарената површина.
Македонија
ИЈЗ ги објави мерењата на радијација во воздухот: Нема отстапувања и покрај пожарот во Трубарево

Институтот за јавно здравје соопшти дека мерењата на радијацијата во воздухот, извршени од 7 до 14 септември 2025 година, покажуваат нормални вредности и нема никаква опасност за здравјето на граѓаните, и покрај загриженоста поради големиот пожар во скопската населба Трубарево.
Во Скопје, каде што работи една од автоматските мерни станици, просечните вредности изнесуваат 51 нано сиверт на час, што е рамки на природниот радијациски фон – природното зрачење што секогаш постои околу нас. Највисоката измерена вредност е регистрирана на 11 септември, кога бил забележан пик од околу 69 нано сиверти на час, но и ова отстапување е во рамки на природното и безбедно ниво. Денеска (14 септември) во 11:30 часот измерени се 50 нано сиверти на час.
Од ИЈЗ нагласуваат дека нема одстапувања од нормалните референтни вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или ризик по здравјето на граѓаните.
По насока на инспекторатот за животна средина и Министерството за здравство, на терен во близина на Трубарево се испратени обучени екипи кои земаат примероци од почва и вода за дополнителни анализи. Резултатите од тие анализи ќе бидат објавени јавно.
Институтот истакнува дека внимателно ја следи состојбата во координација со сите надлежни институции, а на граѓаните им препорачува да ги следат официјалните информации и упатства.