Свет
Гадафи и нуди пари на силуваната жена ако ја смени приказната

Мајката на либиската жена која тврди дека била силувана од припадници на милиција лојална на Гадафи тврди дека од било побарано да ја убеди ќерка си да ја повлече изјавата, а за возврат ќе биде ослободена од затвор и ќе добие нова куќа, пренесува Reuters
Мајката на либиската жена која тврди дека била силувана од припадници на милиција лојална на Гадафи тврди дека од било побарано да ја убеди ќерка си да ја повлече изјавата, а за возврат ќе биде ослободена од затвор и ќе добие нова куќа, пренесува ReutersЕман ал-Обаиди, која е адвокат по струка, во саботата изутрина упадна во хотел во Триполи каде што се сместени странските новинари и плачејќи им раскажа дека два дена ја држеле 15 припадници на милиција лојална на Гадафи и постојано ја силувале. Еман веднаш во хотелот беше нападната и малтретирана од припадниците на безбедносните сили, но и од персоналот на хотелот, кои исто така ги натепаа и новинарите кои се обидеа да и земат изјава во ресторанот на хотелот. Потоа таа беше ставена во службено возило и однесена во непознат правец.Тврдењата на адвокатката не можат да бидат независно проверени. Владата во неделата тврдеше дека таа е ослободена и се наоѓа дома со нејзиното семејство. Но, владата преку својот портпарол тврдеше и дека Еман лаже оти е адвокат, туку е ментално болна проститутка. Нејзината мајка, Ајша Ахмад, на новинарите денеска им изјави дека ја контактирале властите и и кажале како може да ја ослободат.„Минатата ноќ околу три часот наутро, тие ме повикаа од комплексот на Гадафи и побараа од мене да ја убедам ќерка ми Еман да ја смени својата приказна, а тие веднаш ќе ја ослободеле и ќе ми даделе мене и на моите деца се што ќе посакаме: пари, нова куќа, што и да било, само Еман да ја сменела приказната. Јас на ќерка ми и реков да молчи“, вели мајката, која пред камерите ја покажуваше сликата на нејзината ќерка. Вадад Омар, која се претстави како братучетка на Еман, во неделата на новинарите им рече дека Обаиди прво била уапсена откако учествувала на протестите во западниот град Завија во текот на првите денови на востанието. /крај/reuters/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Уставниот и институционалниот ред мора да се зачуваат на Мадагаскар

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека уставниот и институционалниот ред на Мадагаскар мора да се зачуваат.
Макрон, по самитот во Египет за примирјето во Појасот Газа, рече дека не може веднаш да ги потврди информациите од медиумите дека Франција му помогнала на претседателот на Мадагаскар, Андриј Раџоелина, да избега од земјата, објави „Ројтерс“.
Мадагаскар, земја со 30 милиони луѓе, од кои три четвртини живеат во сиромаштија, има бруто домашен производ по глава на жител кој се намалил за 45 проценти од независноста во 1960 до 2020 година, според податоците на Светската банка.
Оваа источноафриканска земја, која е најпозната по производството на најмногу ванила во светот, исто така извезува никел, кобалт, текстил и остриги, потсети „Ројтерс“.
Таканаречените протести од генерацијата „З“ почнаа минатиот месец поради недостиг на вода и електрична енергија, што доведе до судири со безбедносните сили во кои загинаа најмалку 22 лица.
Свет
Пентагон бара контрола врз објавите, новинарите предупредуваат на кршење на Првиот амандман

Бројни водечки американски медиуми, меѓу кои „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Атлантик“ и „Си-ен-ен“, одбија да ја прифатат новата политика на Пентагон, објави „ДПА“. Според изменетите правила, новинарите мора да добијат одобрение од службено лице пред да објават информации – дури и ако не се класифицирани.
Здружението на новинари што известуваат од Пентагон соопшти дека правилата „се чини дека се дизајнирани да ја задушат слободата на печатот“.
Извршниот уредник на „Вашингтон пост“, Мет Мареј, оцени дека тие „ги поткопуваат заштитите од Првиот амандман“. Главниот уредник на „Атлантик“, Џефри Голдберг, истакна дека условите ги кршат правата на Американците „да знаат како се распределуваат воените ресурси“. А Ричард Стивенсон од „Њујорк тајмс“ предупреди дека новата политика „се заканува да ги казни новинарите за рутинско собирање информации“.
Министерот за одбрана Пит Хегсет одговори дека правилата само бараат новинарите „да носат видлива ознака“ и „да не поттикнуваат кривични дела“.
Свет
Трамп: Мелони може да биде инспирација за сите

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ѝ оддаде почит на италијанската премиерка Џорџија Мелони, велејќи дека таа може да биде „инспирација за сите“.
„Џорџија Мелони, големата премиерка на Италија, напиша нова книга. Џорџија работи неверојатна работа за прекрасниот народ на Италија. Таа е инспирација за сите“, напиша американскиот милијардер на својата социјална мрежа Truth Social.
Пораката на американскиот претседател беше илустрирана со фотографија од корицата на книгата на италијанската лидерка, која штотуку беше преведена на англиски јазик.
„Земете го вашиот примерок денес“, предложи Доналд Трамп.