Македонија
Коалиција на здруженија на граѓани апелира за подобрување на квалитетот на лекови
Коалицијата на здруженија на граѓани во рамките на одбележувањето на Европскиот ден за Правдата на Пациентите активно се вклучува во европската кампања под мотото „Граѓаните во центарот на здравствената политика“.
Коалицијата на здруженија на граѓани во рамките на одбележувањето на Европскиот ден за Правдата на Пациентите активно се вклучува во европската кампања под мотото „Граѓаните во центарот на здравствената политика“.
Здруженијата на граѓани по повод Европски ден на Пациентите денешниот ден го посветува на пациентите со хронични заболувања во Македонија и нивната потреба за континуирано достапни и квалитетни лекови.
Тие апелираат до Фондот за здравство и Министерството за здравство да се соочат со загрижувачката ситуација во која се наоѓаат пациентите.
„Итно на сите групи на граѓани кои се хронично болни да им се врати одземеното стекнато право за користење на неопходните лекови од позитивна листа, да се направи ревизија на позитивната листа која не е обновена веќе две години поради што пациентите се лишени од можноста на неа да бидат ставени поквалитетни и посовремени лекови“, рече професорката Весна Стефановска, член на коалицијата на здруженија на граѓани.
Стефановска побара да се формира Собрание на осигуреници со кое ќе биде овозможено нивно активно вклучување во процесот на одлучување за прашања од интерес на осигурениците и да им се овозможи пациентите,континуирано и лесно да ги наоѓаат лековите на рецепт во аптеките.
Овие барања ги застапуваат неколку здруженија на граѓани меѓу кои, Нефрон, Животна искра-Антиканцер здружение, Пеперутка, Хепта,Здружение на пациенти со дијабетес, Здружение на лица со мултиплекс склероза, Национална фондација за трансплантација и Друштво на пријателство на жени од турска националност./крај/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

