Македонија
Бакојани: Груевски не слуша што му порачува меѓународната заедница
Грчката шефица на дипломатијата Дора Бакојани синоќа ја коментираше изјавата на премиерoт Никола Груевски во која тој инсистира на „двојната формула“ за надминување на проблемот околу разликите со името со Грција што ги оптоварува билатералните односи помеѓу државите.
„Оваа изјава покажува дека Груевски не ја сфатил пораката на меѓународната заендица, којашто е јасна и единствена: за доброто на евроатлантскиот курс на неговата држава и неговиот народ е дека мора да се изнајде заедничко прифатливо решение, сложено име со географска одредница, кое ќе важи ерга омнес т.е. за сите“, вели Бакојани во писмено соопштение од нејзиното минитерство како реакција на изјавата на Груевски.Премиерот вчера во интервју за неделникот Форум и порталот www.forum.com.mk рече дека двојната формула е природна позиција на Македонија во спорот и дека таа е условена од однесувањето на Грција во преговорите која инсистира на тоа да се промени уставното име на државата со името Република Северна Македонија и тоа за севкупно надворешно и внатрешно користење и со целосно исчезнување.„Грција бара бришење на името Република Македонија, со промена на Уставот, личните документи, а по однос на идентитетот нема подготвеност за признавање на македонската нација и јазик, ниту расположение да се разговара за тоа. Во една таква ситуација, логична наша позиција е природната позиција – двојната формула, со која и’ нудиме на Грција, во комуникацијата со нив да договориме друго име, а со сите други да важи уставното име“, вели Груевски во интервјуто.Инаку, тој признава дека има притисок од дел од меѓународната заедница во правец да се прифати се’ што треба и што се бара, со цел да се затвори спорот. И покрај тоа, Груевски вели дека Македонија останува во преговорите што се водат под покровителство на Обединетите нации.„Да, остануваме. Ние сакаме да дојдеме до решение на овој проблем. Тоа е државен интерес на Македонија. Сакаме да станеме членки на НАТО и на ЕУ, и не сакаме да бидеме блокирани. Не сакаме да имаме проблем со јужниот сосед“, вели Груевкси во интервјуто што во целост ќе биде објавено во неделникот Форум на 7 август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје
Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го приведоа Ш.А. (54) од овој град, поради сомнение дека вчера го оштетил стаклото на влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
Веднаш по добиената пријава за инцидентот биле преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот, по што Ш.А. бил лишен од слобода. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Инцидентот се случи вчера, 11 јануари 2026 година, кога беше пријавено оштетување на стаклото на влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија. Според претходните информации од МВР, оштетувањето било забележано преку системот за видео надзор, а сторителот со удар со рака го оштетил стаклото и се оддалечил од местото.
Инцидентот беше остро осуден од бугарското Министерство за надворешни работи, кое го оцени како напад врз дипломатската мисија. Реакција имаше и од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој го осуди настанот, оцени дека станува збор за изолиран случај и нагласи дека институциите реагирале брзо и ефикасно.
Македонија
Алиу-Андоновска: Обезбедени 7.500 вакцини против Хепатитис Б, наменети за здравствени работници
Министерот за здравство Азир Алиу и директорката на Институт за јавно здравје, Марија Андоновска, денеска одржаа заедничка прес конференција по повод потпишување договор за донација од страна на Министерството за здравство на Институтот за јавно здравје на 7.500 вакцини против Хепатитис Б, во вкупна вредност од 123.450 американски долари, кои се наменети за здравствените работници.
-Станува збор за конкретна превентивна мерка за намалување на изложеноста на ризици по здравјето на вработените во здравствениот систем, притоа истовремено засилувајќи ја и сигурноста кај пациентите. Со овие количини ќе бидат опфатени 2.500 здравствени работници, со три дози вакцина по лице. Вакцинацијата ќе се спроведува во Институтот за јавно здравје и во Центрите за јавно здравје. Нашата одговорност како институционални носители на здравствените политики е да создадеме услови здравствените работници да не бидат оставени сами во ризиците кои ги носи извршувањето на нивните обврски, како што е контактот со крв и телесни течности, повреди со остри инструменти и слично. Вакцините се обезбедени од „Project HOPE“ – меѓународна невладина организација за глобална здравствена и хуманитарна помош, на кои им се заблагодарувам, истакна министерот Алиу во обраќањето.
Тој посочи дека во рамки на заложбите за овозможување едноставен и достапен процес на вакцинација, Министерството за здравство подготви електронски модул за изразување интерес за вакцинација, кој е достапен на веб-страниците на Министерството за здравство и на Институтот за јавно здравје.
-Денес обезбедуваме и дополнителна поддршка за Институтот за јавно здравје за засилување на биосигурноста. Станува збор за авионски и бродски транспортни кутии за инфективни материјали, со што овозможуваме побезбедно постапување и транспорт на инфективни материјали согласно протоколите, додаде министерот.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со претставници на „Македонија 2025“
Во рамки на активностите во областа на надворешната трговија и економската дипломатија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска, придружуван од директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Гоце Димовски, оствари посета на организацијата „Македонија 2025“ и одржа средба со нејзиното раководство.
Посетата е дел од серијата работни средби што министерот Муцунски ќе ги реализира во текот на неделата со раководствата на стопанските комори и сродни организации.
На средбата беа отворени повеќе прашања поврзани со можностите за организирање заеднички активности во делот на извозната и инвестиционата промоција на бизнис-компаниите кои се членки на „Македонија 2025“.
Фокусот на разговорите беше ставен на можностите за организирање бизнис-форуми во рамки на официјални посети на владини делегации во странство, со посебен акцент на улогата на дијаспората. Воедно, беа разгледани и начините на кои дипломатско-конзуларните претставништва можат да дадат поддршка во организирање деловни средби за заинтересираните компании кои сакаат да ги истражат странските пазари и да отпочнат извозни активности.
Претставниците на „Македонија 2025“ ја поздравија иницијативата за интензивирање на соработката и комуникацијата со стопанските комори, истакнувајќи дека на тој начин дополнително се зајакнува улогата на државата како поврзувач меѓу домашните компании, странските пазари и македонската дијаспора.

