Вести
Истрагата се сомнева на експлозија во авионот на EgyptAir
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/4255420.jpg)
Резултатите од анализата на остатоците од жртвите од уривањето на авионот на египетската воздухопловна компанија „EgyptAir“ на летот MS804 од Париз и Каиро, укажува дека се случила експлозија, пренесуваат во вторникот агенциите повикувајќи се на претставници на египетските служби кои учествувале во испитување на деловите од телата.
Според соговорникот на Associated Press, кој зборувал под услов да остане анонимен, во една од мртовечниците во египетската престолнина Каиро биле доставени 80 делови од телата на жртвите од авионската несреќа. Природата на раните и повредите сугерирала дека причина за смртта била силна експлозија, смета претставникот на египетските служби.
„Не постои ниту еден дел од тело, којшто е целосно зачуван“, рекол изворот. Според него, „логичкото објаснување на овој факт е дека имало експлозија“ во авионот.
Истовремено египетски форензичари за агенцијaта Reuters, исто така, изјавиле дека остатоците од телата на жртвите извадени од остатоците од авионот кој минатиот четврток се урна во Средоземното Море, упатуваат на заклучокот дека во него се случила експлозија.
Тие својот заклучок го донеле на основа на малите делови од тела кои досега се извлечени од местото на несреќата, но напомнале дека сé уште не нашле траги од експлозив со што би се потврдило дека станува збор за бомба, рекле соговорниците на агенцијата.
„Големината на деловите од телата упатува на експлозија, бидејќи најголемите парчиња се со големина на дланка“, рекол функционер од форензичката истрага. Негов колега истакнал дека досега се најдени недоволен број човечки останки, поради што сé уште е прерано да се зборува за тоа дали во авионот се случила експлозија.
Траги од експлозив на пронајдените фрагменти до урнатиот авион, деловите од трупот и делови од крилата, исто така, не се откриени, објави египетскиот информативен портал Masrawy цитирајќи претставници на истрагата и на одделот на судската медицина.
„Во кабината имало пожар. Сензорите пренеле многу јасен сигнал за чад во тоалетот. Една минута подоцна, чад бил регистрирани и во одделот со електроника, а по две минути се исклучил блокот за управување со летот“, изјави претходно Тим Ван Беверен, експерт во областа на воздухопловната безбедност.
Авионот „Airbus 320“ на воздухопловната компанија „EgyptAir“ со 66 патници и членови на екипажот на летот MS804 од Париз за Каиро исчезна од радарите на 19-ти март утрото откако го напуштил грчкиот воздушен простор и само што навлегол во египетскиот воздушен простор, околу 35 минути пред предвиденото слетување на каирскиот аеродром.
Подоцна остатоци од авионот беа пронајдени во близина на грчкиот остров Карпатос, околу 290 километри од египетскиот пристанишен град Александрија. Причините за падот засега не се познати, и ниедна од хипотезите не е отфрлена, а „црните кутии“сé уште не се пронајдени.
Зоната на пребарување по остатоците во кои учествуваат авиони и бродови на египетската армија, како и грчки и француски, во понеделникот беше проширена за 40 наутички милји, односно околу 74 километри./крај/мф/сн/крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.