Црна хроника
Пожар во куќа во Тетово
Пожар избувна во вторникот околу 11.30 часот во Тетово на улица „Ленин“.
Пожарот започнал во соба на поткровниот спрат односно се запалил оџакот кој бил обложен со дрвена ламперија, a по ѕидовите во три соби изгореле и три врати шест прозори, кровната конструкција и покуќнина. Пожарот е локализиран од страна на ТППЕ-Тетово. Во пожарот нема повредени лица и е предизвикана матерјална штета. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Тетово, пронајден кокаин
Вчера во 18.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(35) од Тетово.
При претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и предмети со остатоци од кокаин. Т
Тој, според полицијата е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Струмица, пронајдена дрога
Вчера во 16.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода П.В.(20) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против П.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Фрлил две пакувања прашеста материја кога ја забележал полицијата: уапсен 49-годишен охриѓанец
Синоќа во 01.25 часот на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.Р.(49) од Охрид.
Тој бил забележан како од возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувал, исфрла две пакувања со бела прашкаста материја, кои биле најдени и одземени.
Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.