Македонија
ЗЕЛС избира претседател
Ново раководство на Заедницата на единици на локалната самоуправа (ЗЕЛС) треба да биде избрано денеска во Скопје
Ново раководство на Заедницата на единици на локалната самоуправа (ЗЕЛС) треба да биде избрано денеска во Скопје.
Новиот претседател и двајца потпретседатели на ЗЕЛС треба да бидат избрани на конститутивната седница на Управниот одбор.
Претходно, ќе биде одржана свечена конститутивна седница на Генералното собрание на ЗЕЛС.
На настанот, на кој се поканети претставници на Владата и на дипломатскиот кор, актуелниот претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, ќе има експозе за досегашните активности на ЗЕЛС.
Како што е најавено, Трајановски ќе се осврне и на идните планови за обезбедување поголема финансиска независност на општините, како и за потребата општините да управуваат со градежното земјиште во функција на поголем локален економски развој./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

