Свет
САД и НАТО планираат создавање висока цивилна функција за управување на Авганистан
САД и нивните партнери од НАТО ја разгледуваат можноста да биде создадена висока цивилна функција во Кабул, која ќе ги насочува невоените напори за обнова на Авганистан кон приоритетните проблеми
Ова денеска го изјавил странски претставник во Кабул, кој побарал анонимност, пренесуваат американските медиуми.Целта на таа нова структура е парите и помошта за обнова да се насочат кон провинциите и да се гарантира дека средствата нема да бидат злоупотребувани од корумпираните авганистански власти. Според својот статус, таа функција би била еднакво на функцијата командант на силите на САД и НАТО.Конечната одлука може да биде објавена на меѓународната конференција во Лондон на 26 јануари, каде што ќе се изработат планови за помош на Владата во Кабул откако во Авганистан ќе пристигнат уште 37 илјади американски и војници на НАТО, за да се справат со талибанците.Највисокиот претставник на ОН во Авганистан Каи Еиде, неодамна се пожалил дека во некои од авганистанските провинци мешани екипи од воени и цивилни претставници работат на проекти за развој, кои не се поврзани со објавените приоритети од Владата во Кабул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

