Свет
Свештеници во Бразил сексуално искористувале момчиња
Бразилска телевизија објавила снимки кои откриваат дека католичките свештеници сексуално искористувале млади момчиња во Бразил.
Бразилска телевизија објавила снимки кои откриваат дека католичките свештеници сексуално искористувале млади момчиња во Бразил.Скандалот изби во вторникот откако телевизијата SBT објавила видео снимки на кој се гледа сексуален чин помеѓу 82 годишниот свештеник, Луис Маркес Барбоса и неговиот деветнаесетгодишен помошник при црквениот олтар.Младото момче му било помошник на Барбоса четири години, наведуваат агенциите.Телевизијата ја објавила и приказната на три бивши членови на детскиот црковен хор од градот Арапирака, на североистокот на Бразил. Еден од овие тројца, кој сега има 20 години, тврди дека бил присилен на сексуални односи со Барбоса кога имал 12 години, и дека Барбоса „имал безброј момчиња“. За сексуално злоставување се товарат уште два свештеника од црквата: Раимундо Гомес (52) и Едилсон Дуарте (43).Бразилската црква соопшти дека по повод овој скандал тројцата свештеници се суспендирани.Полицијата соопшти дека отворила истрага и осомничените свештеници нема да бидат во притвор до завршувањето на истрагата.Портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди, потврди дека Светата столица е известена за овој случај, пренесуваат агенциите. /крај/фо/ко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пензиите во Србија годинава ќе се зголемат за 10,9 отсто
Годинава пензионерите во Србија ќе добиваат пензии повисоки за 10,9 отсто, објавија српските медиуми.
Со одлука на Владата на Србија, просечната пензија ќе биде зголемена од 390 евра на 436 евра. Во локална валута, просечната пензија од 45.700 динари ќе порасне за околу 5.000 динари (2,628 денари).
Од денеска започнува исплатата на пензиите преку поштарите на домашна адреса, додека пензиите исплатени преку банките ќе пристигнат најдоцна до 6 јануари.
Регион
Над 21 милион туристи лани ја посетиле Хрватска
Хрватска минатата година ја посетиле 21,3 милиони туристи, кои оствариле 108,7 милиони ноќевања, што е за 4,1 отсто повеќе во однос на 2023 година, соопшти денеска Министерството за туризам и спорт.
Податоците на Хрватската даночна управа покажуваат дека во тој период фискални сметки во вредност од близу 7,3 милијарди евра или 11,5 отсто повеќе од 2023 година се издадени во дејности поврзани со туризмот, објави „Јутарњи лист“.
Министерството забележува дека во 2024 година најголем дел од вкупниот број ноќевања, односно 103,3 милиони, е остварен на Јадранот, што е исто така еден процент повеќе од 2023 година, додека континенталниот дел од земјата со повеќе од 2,7 милиони ноќевања е на плус пет отсто, а приближно исто толку ноќевања се бележат и во главниот град Загреб, што е за шест отсто повеќе од лани.
Регион
Уште еден земјотрес во Грција, тлото не се смирува
Вечерва, во 19:51 часот, земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Крит, најголемиот остров во Грција.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот се наоѓал на 56 километри североисточно од градот Ираклион, додека хипоцентарот бил на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Претходно земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 12.58 часот, во областа на Крит.