Црна хроника
Им приоѓале од зад грб и ги ограбувале

Четворица скопјани, од кои двајца се малолетни на возраст од 16 години, им приоѓале од зад грб на граѓани и ги ограбувале.
Пред околу една седмица извршиле две вакви кражби, на улицата „Лазар Личеноски“ во центарот на Скопје и украле пари и предмети во вредност од околу 30.000 денари.
Првото кривичнот дело разбојништво го извршиле околу 02,30 часот на 7 јуни на улица „Лазар Личеновски“ каде го забележале оштетениот при што му пришле од зад грб, и без предупредување почнале да го удираат со тупаници и клоци, го собориле на земја и продолжиле да го удираат.
Од џебовите на јакната му ги пронашле и одзеле мобилниот телефон и парите по што го напуштиле местото на настанот, мобилниот телефон го продале на нив познато лице за одредена сума, а добиените пари ги дале на друго лице на кого претходно му должеле .
Второто кривично дело тешка кражба на дрзок начин го извршиле откако повторно се вратиле на улицата „Лазар Личеновски“ на полигонот кај стариот пазар „Бувљак“ каде ја забележале оштетената која заедно со уште едно лице се движеле покрај кејот, по што пријавените им пришле од позади грб и со употреба на физичка сила и ја грабнале чантата и избегале, а од чантата одзеле одредени предмети и потоа ја фрлиле.
„Алфите“ ги привеле и на ограбените им се вратени дел од украдените предмети. Против четворицата се поднесени кривични пријави за ,,разбојништво “ и кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.
На двајцата дваесетгодишни кратци одреден им е триесетдневен притвор./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.