Црна хроника
Украдени 50.000 евра и злато од куќа во Скопје

Крадец имал богат плен, кога влегол во куќа во Скопје, од каде однел евра, швајцарски франци, златен накит и рачни часовници.
Крадец имал богат плен, кога влегол во куќа во Скопје, од каде однел евра, швајцарски франци, златен накит и рачни часовници.
Имено, од средата до петокот, минатата недела, во Скопје на ул. „Хо Ши Мин“ непознат сторител со употреба на физичка сила влегол во куќата сопственост на Ј.Д. (63) од Скопје.Тој украл 50.000 евра, 5.000 швајцарски франци, машки рачни часовници и златен накит стекнувајќи се со противправна имотна корист од 6.000.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/со/бб
Извор: Илустрација
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.