Македонија
Паљурци бара извинување од Црвенковски
Извинување од лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски побара денеска координативно тело „Паљурци – македонско и европско наследство“.
Извинување од лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски побара денеска координативно тело „Паљурци – македонско и европско наследство“.Тие бараат Црвенковски да се извини за делот од својот говор на саботниот конгрес на СДСМ во која навредливо го спомена селото Паљурци.„Во својот последен говор Бранко Црвенковски со навреди зборуваше за Паљурци и за сите села во Македонија. Бараме јавно извинување од Црвенковски, поранешен претседател на сите граѓани на Македонија, па и на нас кои по потекло сме од селата. Црвенковски треба да знае дека не е во ред да ги навредува селата, затоа што како Паљурци има илјадници села во Македонија. Во Паљурци секогаш чесно се живеело и се сакала Македонија“, изјавуваат од координативното тело.Црвенковски на конгресот на СДСМ во Универзална сала во саботата во својот говор порача дека со новата партиска програма Македонија повторно ќе биде свртена кон Брисел и кон Европа, а не кон Пела и Паљурци.Од координативното тело на потомците од жителите на Паљурци одговараат дека патот до Брисел не се оди со навреди на македонските села, туку со почит кон своето. Паљурци во 1900 година имало училиште кое било дел од манастирскиот комплекс каде децата од сиропиталиштето и од селото се школувале и учеле на својот македонски јазик. Во 1900 година, покрај македонскиот учеле и француски и италијански јазик. Во тоа село некое време се криеле и македонски револуционери за што лично Гоце Делчев има пратено писмо до католичкиот Надбискуп во Пловдив во кое ја искажува својата благодарност на управата на манастирот во село Паљурци Во селото престојувал и се молел Апостол Павле, наведува координативното тело./крај/фо/кн/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

