Црна хроника
Притвор за убијците на деветнаесетгодишникот кај Бит пазар

По сознанијата од Министерството за внатрешни работи дека во полициска станица пристапиле две лица, од кои еден малолетник, кои се пријавиле како извршители на кривично дело убиство, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје издаде наредба за препознавање.
На извршеното препознавање еден од оштетените ги препознал пријавените како сторители на кривичното дело во кое животот го загуби 19-годишно лице.Поради комплексноста на настанот, времето на случување на кривичното дело во вечерните часови, како и претходно извршеното препознавање при кое оштетениот препозна друго осомничено лице на кое веќе за овој кривично правен настан е определена мерка притвор, Основното јавно обвинителство -Скопје итно презема мерки за расветлување на настанот.Надлежен обвинител достави Предлог за определување на мерка притвор за полнолетното лице кое беше едно од ново пријавените. Согласно на утврдените факти во предметот, за осомничениот е донесена наредба за спроведување на истражна постапка за сторено кривично дело убиство од Кривичниот законик. Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 – Скопје го прифати предлогот и на осомниченото лице му е изречена мерка притвор во времетраење од триесет дена.За малолетникот кој исто така се товари за сторено кривично дело убиство, но и за телесна повреда поведена е постапка пред судија за малолетници, каде е поднесено барање и за определување на мерка притвор. Судијата има донесено решение со кое на малолетното осомничено лице му е изречен притвор со времетраење од триесет дена.Надлежниот суд на претходно осомничениот му го укина притворот и му изрече мерки за обезбедување. Постапката во обвинителството продолжува со преземање мерки и дејствија со цел утврдување на фактите во предметот./крајсо/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нелегално поседувал воздушна пушка: пријава против маж во Охридско

Вчера при претрес во домот на С.Т.(32) од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле воздушна пушка „Славија“ калибар 4,5 милиметри, која нелегално ја поседувал.
Според полицијата, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пијан возач удрил во паркирано возило во Кичево

Утрово во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(42) од Кичево.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки.
При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.