Македонија
Маневски: Одлуката на софискиот суд му дава на случајот политичка содржина
Министерот за правда Михајло Маневски иако вчера рече дека нема да ја коментира одлуката на апелацискиот суд во Софија, Вранишковски да не биде екстрадиран во Македонија, денеска вели дека оваа одлука не е во согласност со Европската конвенција за екстрадиција и и дека со неа на случајот му се дава политичка содржина.
„Тоа што Апелацискиот суд во Софија сослушал двајца наводни сведоци кои немаат апсолутно никаква врска со донесената пресуда на Основниот суд од Велес, на случајот му даваат претежно политичка а не правна содржина, што не е во духот Европската конвенција за екстрадиција“ вели Маневски во изјава за Макфакс.
Барањето за екстрадиција на Вранишковски е поднесено за кривичното дело за кое велешкиот суд го осуди на казна затвор од две и пол години за проневера на 250 илјади евра, црковни пари.
Министерот Маневски вчера рече дела нема да ја коментира одлуката на Апелацискиот суд во Софија се додека не добие официјално известување за одлуката.
Вранишковски беше уапсен на 15 ноември на граничниот премин Колотина, на бугарско-српската граница.
Апелацискиот суд во Софија вчера ја поништи одлуката на софискиот Основен суд и според неа Вранишковски нема да биде екстрадиран во Македонија. Покрај тоа Апелацискиот суд ја укина и забраната Вранишковски да ја напушти Бугарија, како и мерката домашен притвор. Решението на судот во Софија е конечно.
За време на сослушувањето, софискиот апелациски суд сослуша двајца сведоци за делото, свештеник и калуѓерка. Тие раскажале дека на 24 февруари 2004 г. петмина вооружени и маскирани мажи упаднале во манастирот каде што живеел Зоран Вранишковски, расчинетиот владика Јован ги затвориле сите свештеници во една од келиите, ги собрале сите икони и им ги отсекле косите на калуѓерките.
Сведоците раскажале дека потоа сите монаси биле извадени пред зградата,а петтемина вооружени го запалиле манастирот. Вранишковски според сведоците, бил уапсен а неговите следбеници биле протерани од манастирот во којшто и живееле. Одбраната на Вранишковски пред судот рекла дека ако тој биде вратен во Македонија, постои реална опасност прогонот против него и неговите следбениците да продолжи и неговата ситуација да биде потешка./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

