Македонија
Премиерот Груевски го предводи економскиот владин тим во посета на Далечниот исток
Премиерот Никола Груевски ќе ја предводи владината делегација во чиј состав се и вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Бил Павлески, директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо и владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев во неколкудневна посета на Јапонија, Ј.Кореја и Кина.
Како што информираа од службата за односи со јавноста при Владата на Република Македонија, рамки на посетата премиерот Никола Груевски и владината делегација ќе остварат политички средби со претставници на Јапонија, Јужна Кореја и Кина, како и на нивни региони и области, ќе присуствуваат и ќе се обратат на бизнис форуми организирани од Фајненшл Тајмс за презентација на поволностите кои Македонија ги овозможува за реализација на странски инвестиции, а ќе остварат и посета на болници во функција на засновање на соработка во здравството. Делегацијата ќе имаат и средби со менаџерски тимови на компании кои се заинтересирани за инвестиции во Македонија или, пак, имаат веќе донесено одлуки за инвестиции, како и со претставници на економски субјекти со кои Македонија остварува соработка. Премиерот Груевски од понеделник ќе престојува во официјална посета на Царството Јапонија, при што ќе оствари средби со принцот Нарухито и со премиерот Шинзо Абе, како и со други политички или економски функционери од Јапонија.Македонската владина делегација во Токио ќе присуствуваат и ќе се обратат на бизнис форумот за промоција на поволностите кои Република Македонија ги нуди за реализација на странски инвестиции, кој се организира во соработка со Фајненшл Тајмс.Во функција на овозможување на услови за соработка во областа на здравството, премиерот Груевски ќе оствари и посета и средба со менаџерскиот тим на болницата „Токио Џенерал Хоспитал“ (Тokyo General Hospital). Премиерот Груевски и членовите на владината делегација ќе присуствуваат и ќе се обратат на бизнис форум организиран во соработка со Фајненшл Тајмс, за презентација на добрите услови за инвестирање во Република Македонија, кој ќе се одржи во Сеул, Република (Јужна) Кореја. Македонската владина делегација ќе го посети и Специјалниот административен регион Хонгконг, кој е дел од Народна Република Кина. Премиерот Груевски ќе оствари средба со претседателот на Извршниот совет на Хонгконг, Ленг Чун-јинг.Владината делегација предводена од премиерот Груевски ќе ја посети хонгконгшката болницата „Квин Мери“ (Queen Mary), каде ќе се разговара за соработка на двете страни во областа на здравството, а ќе се обрати и на бизнис форум организиран од Фајненшл Тајмс.Македонската владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски, во Народна Република Кина ќе го посетиа градот Гуангжу кој претставува седиште на мултинационалната компанија „Веибо“ која веќе има донесено одлука за инвестиција во Република Македонија и отворање на фабрика во североисточниот реон на нашата земја каде што е предвидено вработување на 5.000 лица во рамки на капацитетите на компанијата. Владината делегација ќе оствари средба со врвниот менаџерски тим на компанијата „Веибо“ каде што ќе се разговара за понатамошната реализација на инвестицијата и за можности за понатамошна економска соработка. Премиерот Груевски ќе оствари и средби со политичките претставници на регионот Гуангдонг./крј/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

