Општество
Коалицијата СЕГА ги промовира правата на децата низ Македонија
Коалицијата на невладини организации СЕГА од 6-ти до 12-ти октомври во Куманово, Струмица, Тетово, Прилеп и Кавадарци реализира различни активности „Недела на детето“ во рамките на проектот „Промоција на детските права и интеркултурната комуникација”, чија цел е да се промовираат правата на детето кое треба да ги ужива во рамките на неговиот раст и развој, како и потребната заштита која е нужно да му биде обезбедена од страна на државата и институциите за овозможување среќно и здраво детство.
Коалицијата на невладини организации СЕГА од 6-ти до 12-ти октомври во Куманово, Струмица, Тетово, Прилеп и Кавадарци реализира различни активности „Недела на детето“ во рамките на проектот „Промоција на детските права и интеркултурната комуникација”, чија цел е да се промовираат правата на детето кое треба да ги ужива во рамките на неговиот раст и развој, како и потребната заштита која е нужно да му биде обезбедена од страна на државата и институциите за овозможување среќно и здраво детство.
Активноста наречена „Детско вовче” се одржа на Градскиот плоштад во Куманово и во насока на развивање масовен активизам кај децата и заедницата за промовирање на детските права, додека во Струмица под мотото „Да ги вратиме детските игри“ беше изведени детски хепенинг со деца на возраст од 8 до 6 години, преку детски игри направија анкети и собираа податоци за детските права, кои ќе бидат печатени во посебна брошура. Другите активности ќе се одржат на 10-ти октомври во Прилеп и во Кавадарци, а на 12-ти октомври во Тетово.
Универзалната декларација за правата на детето, којашто во 1959 година ја усвои Генералното собрание во Обединетите нации, на сите деца без каква и да е разлика, како што е раса, боја на кожа, јазик, вероисповед, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, имот, раѓање, или други околности, им припаѓаат сите права кои се наведени во декларацијата, за да може да ги ужива заради свое сопствено добро и добро на општеството. Оваа декларација ги повикува родителите, мажите и жените како и поединците, добротворните организации, локалните власти и националните влади да ги признаат овие права и да се грижат за нивно почитување со законски и други мерки.
„Детските права континуирано треба да се унапредуваат и затоа Коалицијата СЕГА спроведува различни активностите кои ги реализира во рамките на ’Недела на детето’ и има цел да ги унапреди положбата и правата на децата и да се укаже за поголема грижа за нив. Грижата за децата треба да биде во сите 365 дена од годината, и треба да се трудиме да им обезбедиме нормално и среќно детство, преку почитување на нивната личност, интереси и права“, рече Зоран Илиески, извршен менаџер на Коалицијата СЕГА:
Активностите се организираат во рамките на проектот „Промовирање на детските права и интеркултурната комуникација“, кој Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува во партнерство со Совет за превенција од малолетничка деликвенција (СППМД) – Кавадарци, Македонскиот Центар за Граѓанско Образование (МЦГО) – Скопје и Мајка – Куманово, и Центар за едукација и развој – Теарце, а со поддршка на Детската Фондација Песталоци. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства
Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.
Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.
Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.
Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.
Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.