Вести
Во Ирак 40 осудени на смрт поради масакрот крај Тикрит во 2014-та
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/7b68260d-a97c-455f-86cc-8b5bd5d77bdc.jpg)
Ирачки суд осуди во четвртокот на смртна казна 40 луѓе поради учество во масакрот на повеќе стотици воени регрути, претежно шиити, во 2014 година кој го извршија припадниците на екстремната сунитска група Исламска држава и нејзините сунитски истомисленици во близина на Тикрит, северно од главниот град Багдад.
Главниот кривичен суд во Багдад осуди 40 од 47 обвинети за учеството во масакрот во Спиешер, изјави портпаролот на судот Абдел Сатар Бајракдар во соопштение.
„Судот нареди погубување на 40 лица прогласен за виновни за учество во погубувањата, а седум се ослободени пореди недостиг од докази“, се наведува во соопштението што го цитира AFP, но во кое не се наведува дали осудените присуствувале на судењето.
Судот уште во јули 2015 година осуди 24 лица на смртна казна поради истиот масакр, а невладината организација Human Rights Watch тогаш предупреди на „недоволната транспарентност“ на судењето.
Речиси 1.700 главно припадници на шиитската милиција кои биле регурирани во ирачката армија се убиени во „масакрот во Спеишер“, истоимена воена база сместена на северната граница на областа Тикрит од каде што биле грабнати, а потоа погубени во првите денови од офанзивата на Исламската држава во северен Ирак во јуни 2014 година.
Ирачките власти во мај 2015 година започнаа да ја пребаруваат околината во потрага по гробови по повторното освојување на градот на 31-ви март минатата година. Досега неколку стотици тела се ексхумирани на четири места а на едно од нив се откриени 400 тела.
Масакрот во Спиешер, база северно од Тикрит, од која Исламската држава ги издвоила главно шиитските воени регрути, предизвика жестока осуда на меѓународната заедница и го поттикна јакнењето на поддршката за воени операции против џихадистите. Првата масовна гробница беше откриена на почетокот од април 2015-та, во квартот во којашто се наоѓа палатата на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, на брегот на реката Тигрис.
Садам Хусеин потекнуваше од Тикрит, и во неговото владеење малцинските сунити доминираа со Ирак на штета на мнозинските шиити. По меѓународната интервенција предводена од САД и НАТО од 2003 година, офицерите лојални на Садам организираа бунтовнички групи кои започнаа секташка војна, а во летото 2014 година ѝ се приклучија на Исламската држава.
Исламската држава во својата ненадејна офанзива од почетокот на јуни 2014 година освои големи делови од Ирак, а истиот месец ја нападна и воената база Спеишер. Локалните сунитски племиња се обвинети за помагање во бруталните егзекуции./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.