Контакт

Вести

Раселени рекордни 65,3 милиони лица во светот

Објавено пред

Рекордни 65,3 милиони луѓе се раселени ширум светот, а многумина од нив бегајќи ред војните се соочиле со нови пречки, поостри закони и ксенофобија кога ги минувале границите, соопшти УНХЦР во понеделникот во извештајот „Глобални трендови“ кои се однесуваат на податоците за минатата 2015 година.

dobivaj vesti na viber

Бројката, којашто се зголемила од 59,5 милион луѓе во текот на 2014 година и за 50 отсто во последните пет години, значи дека на секои 113 луѓе на планетата во моментов еден човек е бегалец, барател на азил или раселен во сопствената татковина.

Борбите во Сирија, Авганистан, Бурунди и Јужен Судан, го предизвикале најновиот егзодус, наведува УНХЦР во извештајот објавен по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на бегалците.

„Бегалците и имигрантите преминаа преку Средоземното Море и стигнаа на европските брегови, а пораката што ја носат со себе е, доколку не ги решите проблемите, проблемите ќе ве стигнат вас. Болно е што беше потребно толку долго време за луѓето во богатите земји тоа да го сфатат. Потребна ни е акција, политичка акција којашто ќе ги сопре судирите, тоа би била најважната превенција за бегалскиот бран“, изјави високиот комесар за бегалци при светската организација, Филипо Гранди на прес-конференцијата во Женева.

Минатата година во развиените земји се сместени рекордни 2 милиона нови баратели на азил, се наведува уште во извештајот. Близу 100.000 деца без придружба или одвоени од своите родители, што е тројно повеќе отколку во претходната 2014 година.

Германија, каде што на секои тројца баратели на азил еден е по потекло од Сирија, е водечка со 441.900 барања за азил, потоа следат САД со 172.700 а повеќето од тамошните баратели на азил побегнале пред насилствата предизвикани од судирите меѓу бандите и наркокартелите во Мексико и во централна Америка.

Во земјите во развој се уште сé сместени 86 отсто од бегалците во светот, најмногу во Турција во којашто има 2,5 милиони Сиријци, а потоа следат Пакистан и Либан, се наведува во извештајот.

Барателите на азил кои успеале да побегнат пред сиромаштијата, судирите и прогоните, се повеќе се соочени со пречки и ксенофобија.

„Порастот на ксенофобијата, за жал, станува многу јасна иднина во опкружувањата во коишто работиме. Пречките ги има насекаде, и не зборувам само за оградите. Зборувам за законските пречки кои се јавуваат, вклучително и во земјите од индустријализираниот свет кои долго време беа бастиони на принципите во одбраната на основните права поврзани со азилот“, истакнал Гранди.

Откако земјите на северот и западот од Европа ги затворија границите и воведоа построги гранични контроли одбивајќи ги економските имигранти, а нивниот чекор го следеа и земјите од таканаречената балканска рита, вклучително и Македонија, Турција и Европската унија постигнаа договор да го запрат приливот од мигранти.

„Фактот дека приливот (од мигранти) е запрен, не значи дека е завршен проблемот на раселените лица. Можеби завршил за некои земји, кои повеќе не се занимаваат со него, засега“, додава претставникот на УНХЦР.

Од договорените шеми за прераспределување на 160.000 баратели на азил во Грција и во Италија во другите членки на Европската унија, за да се ублажи притисокот врз овие две земји кои се главните точки за влезот на имигрантите на европскиот континент, преместени се само 2.406 лица, покажуваат податоците на ЕУ.

Запрашан во застојот во преместувањето на тие луѓе, Гранди одговори. „Нема план Б за Европа. Европа ќе продолжи да прима луѓе кои бараат азил“ и додаде „Сите мораме да ја преземеме одговорноста“. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Филков до Тренчевска: Законите ги подготвуваме низ јавен и транспарентен процес, не се носени ниту во висококатница во Дубаи, ниту на јахта во Халкидики

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Јована Тренчевска од СДСМ за Извештајот на Европската комисија за...

Македонија3 часа

(Видео) Мециновиќ за „Пулс“: На почетокот на декември ќе биде свикана анкетна комисија, да утврдиме каде потфрлиле институциите

На денешната прес-конференција пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, информираше дека на почетокот на декември ќе биде свикана седница на Постојаната...

Македонија6 часа

ЦУК предупредува: Поради интензивни врнежи од дожд, во делови од Западна Македонија се создадоа водни површини под подвозниците и надвозниците

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми...

Македонија6 часа

(Фото) Откриени повеќе обиди за шверцување: запленети фотоапарати, М-ТАГ апарати, цигари, дрога, автоделови, облека и фалсификувана стока

Во текот на минатите две недели, од страна на мобилни царински тимови откриени се повеќе обиди за криумчарење разна стока,...

Македонија7 часа

Утре почнува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот...

Македонија7 часа

23-годишник од Волково принудувал петгодишно девојче на полови дејства, поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија...

Македонија8 часа

Филипче слепо ја следи агендата на Заев и ја игнорира потребата од реформи во партијата, смета ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги...

Македонија8 часа

Почна пријавувањето за набавка на електронски уреди, 55.000 студенти добиваат по 15.300 денари, информира Владата

„Ветеното, го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или...

Регион8 часа

(Видео) Облакодерот во Загреб гори со часови, паѓаат делови од фасадата: штетата е тотална

Облакодерот на Славонска авенија во Загреб, во кој вчера избувна пожар малку пред полноќ, утрово сè уште гори, делови од...

Европа9 часа

(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: многу населби без струја

Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен...

Регион10 часа

Градоначалникот на Загреб: Штетата е тотална, пожарот постојано се разгорува

Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати...

Свет10 часа

(Видео) Трамп: Ќе објавиме сè за Епштајн, но сепак нема да биде доволно

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги објави сите документи за покојниот финансиер и осуден педофил Џефри Епштајн, но...

Свет10 часа

(Видео) Израелците нападнаа Палестинци во близина на Витлеем; Нетанјаху: Ќе се справам со тоа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека итно ќе свика состанок на кабинетот за да се осигури дека Израелците што...

Регион11 часа

(Видео) Гори облакодерот „Вјесник“ во Загреб, снимките драматични

Малку пред полноќ во понеделник навечер, во небодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се...

Македонија21 час

Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер

Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување. Директорот...

Македонија23 часа

Градиме брза железница и автопати од Албанија до Бугарија, најави Николоски во Виена

Македонија ги реализира најкрупните капитални проекти за патна и железничка инфраструктура на транспортните Коридори 8 и 10, истакна вицепремиерот Александар...

Регион23 часа

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот преговарачки кластер со ЕУ

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот од вкупно шест преговарачки кластери со ЕУ. „Го отворивме последното...

Македонија24 часа

Земјотрес почувствуван во Делчево и Виница

Денес околу 15:48 часот беше почувствуван земјотрес во делови на североисточна Македонија, најмногу во Делчево, Виница и околните места. Според...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: ЕУ сè уште нема јасна стратегија за нашата европска интеграција и практикува двојни стандарди

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана...

Македонија1 ден

Министерот Тошковски опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска бил опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој вели дека следи...